1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Украина: Зошто Зеленски останува на функцијата без избори?

Ихор Бурдига
20 мај 2024

Мандатот на украинскиот претседател Володимир Зеленски формално завршува денеска (20 мај, 2024). Изборите требаше да се одржат уште во март годинава. Правници објаснуваат зошто Зеленски и натаму ќе владее.

https://p.dw.com/p/4g45N
Володимир Зеленски же продолжи да биде претседател на Украина, иако мандатот официјално му завршува на 20 мај, 2024
Володимир Зеленски же продолжи да биде претседател на Украина, иако мандатот официјално му завршува на 20 мај, 2024Фотографија: Ukrainian Presidency/Anadolu/picture alliance

На 20-ти мај истекува формално мандатот на украинскиот претседател Володимир Зеленски. На крајот на март требаше да се одржат претседателските избори, но парламентот ги одложи заради воената состојба во земјата. Во украинското општество во меѓувреме почна дебата за тоа кој ќе ја води земјата откако ќе истече петтогодишниот мандат на претседателот. На почетокот на годината, само ретки политичари и коментатори имаа смелост да го постават тоа прашање.  На крајот на февруари кога Зеленски даваше оценка на двегодишната војна со Русија, обидите за оспорување на неговиот легитимитет ги нарече „непријателски наратив" и пред новинарите нагласи дека „тоа не е мислењето на западните партнери, ниту на било кого во Украина, туку дел од програмата на Руската федерација". Но, со тоа не се стави крај на дебатата.

Дали се можни избори под военото право?

Мнозинството украински правници тврди дека е потполно јасно оти Зеленски ја задржува власта се додека не се избере нов претседател. „Ова е потполно јасно наведено во украинскиот Устав.

Претседателот Володимир Зеленски разговара со војниците во Донбас за време на посетата на фронтот
Претседателот Володимир Зеленски разговара со војниците во Донбас за време на посетата на фронтотФотографија: Ukrainian Presidential Press Service/REUTERS

По истекот на петтогодишниот мандат, од моментот на инаугурацијата, овластувањата на претседателот не се завршуваат автоматски, туку со инаугурацијата на новиот претседател, значи по избори", објаснува во разговор со ДВ Андриј Махера, експерт за уставно право од украинскиот Центар за политика и правна реформа. Во моментов и претседателки и парламентарни избори во Украина се забранети, но од различни причини. Уставот ги забранува парламентарните избори, а воената состојба ги забранува сите избори.

Барање за доброволна оставка

Изборите во воена состојба не се забранети само заради заштита на гласачите од опасноста. „Со воените закони се ограничени одредени уставни права и слободи, како правото на слободно изразување на мислењето, мирни собири и слобода на движење. Од таму не е можно да се обезбеди принципот за општото гласачко право и слободните избори", објаснува Андриј Махера. Слично се изјаснија во март годинава и „Институтот за законодавство, научна и правна експертиза на Националната академија на науки во Украина", како и Централната изборна комисија на земјата. Во дебатата за мандатот на Зеленски не учествуваат само активни правници, туку и ветерани на украинската политика, како на пример Григориј Омелченко, кој кон средината на 90-тите години беше член на парламентарната комисија која го изработи Уставот. Тој истакнува дека не е пропуст што нема директен пропис за продолжување на мандатот на претседателот, напротив дека се работи за свесна заштита.

Изборната кампања во 2019 година беше многу успешна за Зеленски
Изборната кампања во 2019 година беше многу успешна за ЗеленскиФотографија: picture-alliance/dpa/E. Maloletka

Но, во отвореното писмо до Зеленски, објавено во март годинава во весникот „Украина Молода“, тој сепак го повикува претсдателот „да не ја узурпира државната власт“, односно да не ја приграби и во мај 2024 година доброволно да поднесе оставка. 

Зеленски и натаму ужива голема поддршка

Меѓутоа легитимноста на Зеленски според мислењето на аналитичарите, не се потпира само на законите, туку и на поддршката од украинските граѓани. Иако има одреден пад, сепк поддршката и натамиу е прилично висока. Според истражување на јавното мислење од јануари 2024 година спроведено од центарот „Расумков“, 69 проценти од Украинците имаат доверба во државниот лидер, додека помалку од една четвртина немаат.  Уште едно истражување кое на почетокот на февруари го претстави Киевскиот меѓународен институт за социологија, покажува дека 69 проценти од испитаниците смета дека Зеленски треба да остане претседател до крајот на воената состојба. Само 15 проценти поддржуваат одржување на избори во актуелните околности, додека уште десет проценти ја поддржуваат идејата претседателот да ги пренесе овластувањата на претседателката на парламентот, Руслан Стефанчук.

Руслан Стефанчук е претседател на украинскиот парламент од октомври 2021 година
Руслан Стефанчук е претседател на украинскиот парламент од октомври 2021 годинаФотографија: Ukrainian Presidential Press Off/Zumapress/picture alliance

Антон Хрушчевски, директор на Институтот, сепак предупредува од последните две сценарија, укажувајќи на тоа дека претставуваат уште поголема опасност за легитимноста на власта и за дестабилизација во Украина. "Милиони луѓе се во странство, милиони под окупација, стотина илјади служат војска. Ако граѓаните не можат да се вклучат како гласачи или кандидати на изборите, тоа ќе го поткопа легитимитетот на изборниот резултат", посочува Хрушчевси.

Кој може да поднесе претставка до Уставниот суд?

Мнозинството правници кои ги интервјуираше ДВ, сметаат дека Уставниот суд би требало да ја оконча расправата за овластувањата на претседателот и можните избори. „Само Уставниот суд смее да го толкува Уставот и да проверува дали другите закони се во склад со него", истакнува Андриј Махера.

Но, судиите на Уставниот суд не може самоиницијативно да одлучуваат за така важни прашања. Исто така не може секој да поднесе претставка. Постапка пред Уставниот суд може да иницира претседателот, владата, Врховниот суд, група од 45 пратеници или парламентарниот пратеник за човекови права. Но, до сега никој од нив нема поднесено претставка.

На првата линија на украинската контраофанзива

Кон крајот на февруари годинава весникот „Џеркало Тишња“ известуваше, повикувајќи се на свои извори, дека кабинетот на Зеленски работи на претставка до Уставниот суд, но не се осудува самостојно да ја поднесе.

Наводно тоа треба да го стори група од 45 пратеници од редовите на партијата на претседателот, „Слуги на народот“. Меѓутоа, од фракцијата тврдат дека никој не ја доведува под прашање легитимноста на Зеленски. Дури и опозицијата покажува изненадувачки консензус. Претставници на различни политички сили изјавија дека немаат намера да се обратат на Уставниот суд и потсетија на Договорот на Клубот на пратениците до крајот на војната да не се одржуваат избори.