Украина по побуната од „Вагнер“: жилав напредок на фронтот
29 јуни 2023Војниците од групата „Вагнер" имаат три опции, порача Путин откако заврши нивната побуна минатиот викенд - да се преселат во Белорусија, да се вратат на своите семејства или да се интегрираат во војската на Русија. Но, што точно случува со околу 20-те илјади платеници на Евгениј Пригожин е „сосема нејасно”, вели во интервју за ДВ Нико Ланге, познавач на приликите во Украина и Русија.
Дали украинската армија ќе профитира од тоа што сега отпаѓаат силите од „Вагнер" на фронтот?
Ланге, кој работи и за Минхенската безбедносна конференција, посочува дека платеничката војска „Вагнер" распола со помодерни тенкови и друго оружје отколку што можеше да се види на снимките од транспортерите на руската армија. Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгуи неговите команданти веројатно се пред сѐ заинтересирани за нив, но самата интеграција во руската војска би можела да потрае.
Предности за Украина од „игрите за моќ”
И натаму не се завршени„игрите за моќ" меѓу Путин, Пригожин и белорускиот диктатор Лукашенко, кој постигна договорот за ставање крај на побуната, смета американскиот Институт за воени студии. Истражувачите дошле до заклучок дека ваквата игра за моќ „ќе има краткорочни и долгорочни последици кои може да ù одат во прилог на Украина”.
Но, колку де факто имаат подобри опции врховниот командант на украинските сили Валериј Салушниј и неговите команданти сега? За натамошните планови на Киев за контраофанзивата не продира никаква информација во јавноста.
Бавен напредок на украинската контраофанзива
Ако се сумираат информациите од слободно достапните извори како социјални медиуми, сателитски снимки и ретките изјави од украинската армија, се исцртува следнава состојба: украинската армија ослободила села и населби на три места долж фронтот источно од Запорожје, како и северно и јужно од Бахмут.
Почесто се појавуваат и снимки од дронови со украински тенкови кои остануваат заглавени во руски минирани полиња, односно во руските одбранбени линии, на со месеци поставуваните мини и барикади за тенкови. „Јасно е дека и натаму се работи на првата пречка, комбинација од мински полиња и недостиг од надмоќ од воздухопловните сили, а тоа се чини е доста проблематично”, вели за ДВ Нико Ланге во однос на украинската војска. Аналитичарот Брејди Африк од тинк-тенкот „Институт Американ Ентерпрајз” од Вашингтон неодамна ажурураше карта за руските одбранбени линии врз основа на сателитски слики. Очигледно Русија и натаму работи на зацврстување на овие линии.
Картата на Африк вниманието го насочува и на минирањето на браната кај Голема Каховка на почетокот на месецов. Украина за тоа вината ја префрла на Русија, Москва пак на Киев. Весникот „Њујорк тајмс” во обемно истражување дојде до заклучокот дека саморуската армија имала реална можност да ја минира бранатакоја беше под нејзина контрола.
Запустено речно корито
Вештачкото езеро во меѓувреме е речиси пресушено. Фотографии на Телеграм каналите и објавени на Твитер покажуваат речно корито кое е во големи делови запустено.
На Фејсбук украински трагачи по богатство кои го пребаруваат речното корито барајќи предмети од вредност, си ги разменуваат искуствата.
Германското народно здружение кое се грижи за воени гробишта, според соопштение за медиумите истражува информации „дека на југот на Украина се најдени посмртни останки на германски војници и дека тоа е поврзано со минирањето на браната кај Голема Каховка”. Организацијата ги прибира посмртните останки на паднатите германски борци ширум Европа и се грижи за тоа да бидат префрлени и закопани на гробишта.
Дали се отвора простор за украинската армија?
На стари карти од Вермахтот се гледаат повеќе историски патишта кои подоцна биле дел од коритото на Голема Каховка и од кои сега очигледно е излеана водата.
Поранешниот метеоролог на американското воздухопловство, Дејвид Хелмс ја истражуваше состојбата на поранешното вештачко езеро и го спореди со картите на Вермахтот. Хелмс е дел од група поддржувачи на Украина ширум светот, кои своите сознанија ги објавуваат под хаштагот #НАФО. Во сега речиси испразнетото езеро идентификувал седум улици кои биле употребувани во Втората светска војна. Денес, северно од поранешното вештачко езеро и од реката Дњепар која сега си тече низ своето историско корито, е украинската армија, а јужно е рускста војска.
Паѓа во очи дека западно од градот Василивка, кој е под контрола на руската армија, од сателитските снимки се гледаат само мал број руски позиции. Барем се чини дека тука се отвора простор за украинската армија со сите недоречености, затоа што руската армија може да напаѓа и од воздух. Ланге за контраофанзивата има впечаток дека „Украина уште го чува големиот удар”.