1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ОпштествоГлобално

Твитер дели откази на вработените ширум светот

Тагесшау | ЕМФ
4 ноември 2022

По преземањето од страна на мултимилијардерот Илон Маск, онлајн платформата Твитер почна да отпушта вработени. Се вели дека отказ ќе добие секој втор вработен.

https://p.dw.com/p/4J3ra
Централата на Твитер во Сан Франциски, САД
Централата на Твитер во Сан Франциски, САДФотографија: Noah Berger/AP Photo/picture alliance

Вработените во Твитер денеска преку имејл ќе дознаат дали сè уште работат за онлајн платформата откако таа беше преземена од страна на американскиот мултимилијардер Илон Маск. Имејлот ќе биде со дознака „Вашата улога на Твитер“, објави компанијата вчеравечер (3.11) во циркуларна имејл порака објавена од неколку американски медиуми. Според извештаите на медиумите, секој втор вработен во Твитер може да го загуби своето работно место.

Канцелариите на Твитер остануваат затворени

Илон Маск го купи Твитер за околу 44 милијарди долари. Според циркуларната имејл порака, вработените кои можат да останат на работа во Твитер треба да добијат имејл во 9:00 часот во петок (17:00 часот по средноевропско време) на нивната службена имејл адреса. Секој што ќе остане без работа, ќе добие информации за следните чекори на приватната имејл адреса. На вработените им е наложено да си одат дома и да не се јавуваат на работа во петок (4.11). Канцелариите на Твитер во петок ќе останат затворени и сите картички за пристап ќе бидат деактивирани. Ова е мерка на претпазливост за да се спречат какви било протестни акции на оние што се отпуштени од работа.

На вработените на Твитер им е наложено да си одат дома и да не се јавуваат на работа во петок (4.11)
На вработените на Твитер им е наложено да си одат дома и да не се јавуваат на работа во петок (4.11)Фотографија: Noah Berger/AP Photo/picture alliance

Проблеми со финансии

Примери за тоа има: во ноември 2017 година, вработен во одделот за поддршка на својот последен ден на работа го деактивираше Твитер-профилот на тогашниот американски претседател Доналд Трамп. Профилот беше повторно активиран за околу 10 минути. Во циркуларната имејл порака на Твитер сега се вели дека отказите за вработените „за жал се неопходни со цел да се обезбеди иднината на компанијата“.

Твитер во последно време имаше проблеми со финансиите. Маск за купувањето на онлајн платформата зеде кредити од околу 13 милијарди долари, а за да се отплаќаат овие кредити ќе бидат потребни повеќе пари отколку што бизнисот на Твитер може самиот да донесе. Маск за финансиска цел постави остварување на годишен промет од над 26 милијарди долари до 2028 година. Сегашниот годишен промет на Твитер е пет милијарди долари.

Компанијата, по преземањето од страна на Маск, е под финансиски притисок: неколку меѓународни корпорации, вклучително и прехранбениот гигант Џенерал Милс и производителот на автомобили Фолксваген, ги замрзнаа своите буџети за рекламирање на Твитер. Американскиот производител на автомобили Џенерал Моторс веќе престана да се рекламира на Твитер минатата недела.

- повеќеЕго-трипот на Илон Маск на Твитер

Владини претставници и активисти за граѓански права изразија загриженост дека Маск би можел да ја отвори платформата за неконтролиран говор на омраза и дезинформации и дека ќе ги деблокира претходно суспендираните профили, како оној на поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Рекламирањето е главниот извор на приходи на Твитер. Маск неодамна се обиде да ја смири ситуацијата уверувајќи дека социјалната мрежа нема да стане „бесплатен пеколен пејзаж“.