1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиТурција

По нападот во Анкара - Турција напаѓа цели во северен Ирак

ЖА
2 октомври 2023

По експлозијата во неделата во турската престолнина Анкара, за која синоќа одговорноста ја презела забранетата курдска работничка партија ПКК, турските воздухопловни сили нападнаа цели во курдските области во Ирак.

https://p.dw.com/p/4X20S
Турција Анкара напад
Напад во близина на турското Министерство за внатрешни работиФотографија: Cagla Gurdogan/REUTERS

Бомбардирани биле делови од областа Брадост, како и селото Бадран, како што за новинската агенција АФП во неделата вечерта изјави Ихсан Чалаби, градоначалникот на градот Сидакан, кој е блиску до границите со Турција и Иран.

Турското Министерство за одбрана соопшти дека биле бомбардирани 20 позиции на забранетата  Курдистанска работничка партија (ПКК)  во северен Ирак.

„Извршивме воздушни напади против ПКК и други терористички елементи во регионите Метина, Хакурк, Кандил и Гара во северен Ирак со цел да се спречат терористички напади од северен Ирак врз нашето население и нашите сили за безбедност и да се обезбеди сигурноста на нашите граници“, се вели во соопштението.

Турција напад Анкара
Бомбаш самоубиец рани двајца полицајци кога се разнесе во близина на турското Министерство за внатрешни работиФотографија: Cagla Gurdogan/REUTERS

Во неделата наутро двајца полицајци беа полесно повредени по самоубиствениот бомбашки напад пред Министерството за внатрешни работи во Анкара. Еден бомбаш-самоубиец се разнесе, додека друг беше убиен од полицијата, а за нападот  одговорноста ја презеде ПКК. 

Турција оцени дека станува збор за терористички чин - претседателот Реџеп Таип Ердоган истакна дека терористите никогаш нема да ја постигнат својата цел во неговата земја. 

Курдскиот медиум „Рудав“извести за воздушните напади во северните ирачки планини Кандил, кои се сметаат за упориште на ПКК во близина на границата со Иран.

Турската армија редовно ги напаѓа борците на ПКК и нивните  позиции во северен Ирак.  ПКК се бори против турската држава од 1984 година и е класифицирана како терористичка организација од Анкара и од страна на западните сојузници. Во конфликтот веќе се убиени десетици илјади луѓе.