1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоСоединети Американски Држави

Трамп в четврток ќе се појави во затвор во Џорџија

ЖА / агенции
22 август 2023

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, против кого се водат четири кривични постапки, в четврток ќе им се предаде на властите во Џорџија. Одредена му е кауција од 200.000 долари.

https://p.dw.com/p/4VQmN
САД Доналд Трамп
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп обвинет за обид за изборна измама во ЏорџијаФотографија: Kyle Mazza/NurPhoto/picture alliance

По кривичното обвинение против бившиот американски претседател Доналд Трампво врска со обидот за изборна измама, надлежниот суд во американската сојузна држава Џорџија му одреди кауција од 200.000 долари.

Воактуелните четири кривични постапки кои се во тек против него, ова е прв пат да му биде одредена парична сума за привремено останување на слобода – кауцијата и условите ги договориле обвинителката Фани Вилис и адвокатите на Трамп според барањата на судијата Скот Мекафи.

Судијата забранува заплашување на сведоците

Од објавените судски документи на судот во Атланта, призлегува и дека Трамп околу поединостите на случајот, освен преку адвокатите, не смее да разменува мислења со останатите 18 сообвинети лица.

Изречена му е и забрана за заплашување на евентуални сведоци и попречување на правосудната постапка. Тоа е последица на искуството од минатото, кога Доналд Трамп во врска со другите обвиненија против него, на социјалната мрежа „Truth Social" која тој ја основаше, напиша индиректни закани: „Ако ме гоните, и јас ќе ве гонам!“

Судот ја објави и висината на кауцијата за поранешниот адвокат на Трамп, Џон Истман – 100.000 долари. Тој важи за еден од главните организатори на обидите за сменување и фалсификување на изборниот резултат во Џорџијаво корист на Доналд Трамп по претседателските избори во САД во 2020 година.

Трамп в четврток ќе им се предаде на властите 

На Трамп и останатите 18 сообвинети им е даден рок најдоцна до петок попладне по локално време да се појават во затворот Фултон Канти во Џорџија, кој ужива лош глас, каде официјално ќе бидат уапсени и ќе им бидат земени отпечатоци од прстите, и каде мора да приложат најмалку десет проценти од кауцијата во кеш.

Трамп планира да отпатува во Атланта в четврток, за „да биде уапсен од лево радикалната обвинителка Фани Вилис“, како што соопшти ноќеска на неговата социјална мрежа „Truth Social". Без да приложи докази, тој ја обвини обвинителката Вилис дека „дејствува во стриктна координација со Министерството за правда (...)на Џо Бајден.“

Судскиот термин е точно еден ден по првата телевизиска дебата на аспирантите за републиканска номинација за претседателската изборна трка во САД во следната година. Доналд Трамп, кој се смета за јасен фаворит, нема да учествува во дуелот, но неговиот настап пред судот секако ќе се погрижи јавниот интерес како и секогаш да биде фокусиран на него.