Реклама
Иако нема лисја, стебло и корен, тоа е дрво, но во течен облик. Зелениот аквариум, во центарот на Белград, содржи микроалги кои врзуваат јаглерод диоксид и произведуваат кислород преку процесот на фотосинтеза. Автор на овој иновативен проект е биофизичарот Иван Спасојевиќ, кој смислил алтернативен концепт на позеленување.
„Прво што е важно е дека LIQUID 3 не служи за замена за дрвјата, тоа нема апсолутно никаква смисла. LIQUID 3 е направен за да таргетира зони каде што не можете да поставите нормално дрво“, вели Спасојевиќ.
Повеќе во видеото!