Столтенберг: Зголемување на трупите на НАТО на Балканот
21 ноември 2023НАТО ги испитува можностите за зголемување на трупите на Западен Балкан. „Проверуваме дали треба да имаме перманентно зголемување (на трупите, н.з.) за да се осигура дека спиралата нема да излезе од контрола и да креира нов конфликт на Косово или пошироко во регионот“, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенбер вчера (19.11) во Косово.
Мисијата на КФОР на Косово постои од 1999 година и во моментов опфаќа над 4500 војници од 27 земји.
Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, во Приштина разговараше со косовскиот премиер Албин Курти. По средбата косовската влада соопшти дека се разговарало за повеќе теми, а премиерот во детали зборувал за вооружувањето кое Србија го има на границата со Косово.
Претходно Столтенберг ја посети Босна и Херцеговина, каде му даде поддршка на Високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит. Тој изрази задоволство што е продолжена мисијата ЕУФОР во БиХ, истакнувајќи дека НАТО „не може и нема да дозволи безбедносен вакуум во БиХ“.
Генералниот секретар на НАТО денеска е во посета на Северна Македонија и Србија.