1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиСоединети Американски Држави

Шпионажа за Кина: 10 години затвор за екс-агент на ЦИА

СН/агенции
12 септември 2024

Александер Јук Чинг Ма е осуден за предавање „голем обем“ доверливи информации за американската одбрана на кинеските шпиони во 2001 година. Тој подоцна работел и за ФБИ.

https://p.dw.com/p/4kX6A
Ма беше осуден за тргување со доверливи информации за 50.000 долари
Ма беше осуден за тргување со доверливи информации за 50.000 долариФотографија: Olivier Douliery/Sipa USA/picture alliance

Судот на Хаваи го осуди поранешниот агент на ЦИА Александар Јук Чинг Ма на 10 години затвор за шпионажа во корист на Кина.

Тој беше уапсен во 2020 година, откако му призна на таен агент на ФБИ дека предава доверливи американски информации на Кина во замена за пари. Ма, натурализиран државјанин на САД, роден во Хонг Конг, работел за ЦИА од 1982 до 1989 година, по што ја продолжил кариерата во ФБИ. Дел од неговиот договор за признавање вина наведува дека тој мора да соработува со обвинителите „до крајот на својот живот, вклучувајќи и поднесување извештаи на американските владини агенции“.

Договорот за признавање вина бара тој да се подложи на полиграфски тест за време на тие интервјуа. На сослушувањето во средата, адвокатите на американската влада му рекоа на судот дека тој соработувал со властите и дека веќе учествувал во „повеќе интервјуа со владини агенти“.

Официјалните лица наведуваат дека Ма соработувал со роднина, кој исто така бил агент на ЦИА, за да пренесе тајни на разузнавачите вработени во Бирото за државна безбедност во Шангај. Еден состанок со кинеските разузнавачи во Хонг Конг бил снимен и на кој Ма брои 50.000 долари во готовина за тајните кои ги споделил со нив, соопштија федералните обвинители.

Додека живеел на Хаваи во 2004 година, Ма се вработил во канцеларијата на ФБИ во Хонолулу како лингвист. ФБИ, кој веќе знаел за неговите шпионски активности, го ангажирал Мао како дел од акцијата за да ги следи и истражи неговите активности и контакти.

Како што јавуваат агенциите, неименуваниот соработник бил неговиот брат, кој починал пред почетокот на кривичната постапка против него.

Во средата, судот на Хаваи го осуди Ма на 10 години затвор и пет години условна слобода, според договорот постигнат со обвинителите.