1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шолц: Повеќе одлуки да се носат со квалификувано мнозинство

ЕМФ / ртр
13 декември 2023

Германскиот канцелар Олаф Шолц смета дека во Европската унија треба повеќе одлуки да се носат со квалификувано мнозинство, вклучително и во делот на процесот на проширување.

https://p.dw.com/p/4a73y
Германија Бундестаг | Германскиот канцелар Олаф Шолц
Германскиот канцелар Олаф Шолц дава владина изјава во Бундестагот, 13.12.2023Фотографија: Liesa Johannssen/REUTERS

Германскиот канцелар Олаф Шолцденеска (13.12) во Бундестагот изјави дека е потребно „повеќе одлуки да се носат со квалификувано мнозинство, вклучително и во делот на процесот на интеграција“. „Националните парламенти сѐ уште ќе го имаат последниот збор, но една земја веќе нема да може да го блокира секој чекор“, изјави Шолц во германскиот парламент.

Најголемиот дел од земјите членки на ЕУ сакаат на претстојниот самит на Унијата (14/15.12) да започнат преговорите со Украина за приклучување во Унијата и согласни се за давање милијарди евра натамошна поддршка за земјата во војната против Русија, но и двете работи се блокирани од страна на Унгарија, најблискиот сојузник на Русија во ЕУ. Унгарскиот премиер Виктор Орбан се заканува со вето на ЕУ-заклучоците за Украина. Тој ја нарече Украина „една од најкорумпираните држави на светот“ и побара стратешка дебата за целта на помошта што ја дава ЕУ.

Германскиот канцелар Шолц во владината изјава во Бундестагот денеска рече дека по прашањето на Украина „се работи за тоа дали Путин ќе успее со своите империјалистички планови“ и „дали границите на Европа во иднина се безбедни“. Според Шолц, целта на воената помош на Западот за Украина била да се зајакне одбранбената способност на Киев до степен што Русија „веќе не би се осмелила да нападне“.