1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шолц: Европа не е целосна без Западен Балкан

БГ /дпа
3 ноември 2022

Германскиот канцелар Олаф Шолц ги поздрави напорите на шесте западнобалкански држави за поблиска меѓусебна соработка, на отворањето на самитот на Берлинскиот процес.

https://p.dw.com/p/4J02X
Олаф Шолц Димитар Ковачевски Берлински процес
Олаф Шолц и Димитар Ковачевски на отворањето на самитот на Берлинскиот процес Фотографија: Lisi Niesner/REUTERS

По руската инвазија врз Украина интеграцијата на земјите од Западниот Балкан во ЕУ стана уште поважна, порача германскиот канцелар Олаф Шолц на отворањето на самитот на Берлинскиот процес во германскиот главен град.

„Европа е целосна само со Западниот Балкан. Шесте држави на Западниот Балкан припаѓаат кон слободниот и демократски дел на Европа. Вашето членство е во наш интерес“, рече Шолц. Притоа, просперитетот и стабилноста на овој регион не може да се гледа одвоено од остатокот на Европа, дополни германскиот канцелар. 

Историски договори 

На Самитот е планирано шесте држави од Западниот Балкан да потпишат договори за меѓусебно признавање на патните исправи, како и универзитетските и стручните дипломи.

Ќе се разговара и за реформирање и подобро вмрежување на енергетските сектори во енергетската криза. Германија и ЕУ се подготвени да помогнат во тој дел. На самитот учествуваат и првите луѓе на ЕУ, како и шефовите на влади на повеќе членки на Унијата. 

Северна Македонија на историски самит на Берлинскиот процес

Шолц на отворањето побара да се исполнат ветувањата за ЕУ-интеграција дадени уште пред 20 години.

„Наша задача е овие ветувања да ги претвориме во реалност. Бруталната агресивна војна на Русија против Украина бара од нас да застанеме заедно и да ја одбраниме слободата на Европа“, рече Шолц.  Во тој контекст, тој побара да се надминат регионалните конфликти на Балканот, и вети германска поддршка за тоа.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема