1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тројца пациенти ќе се вклучат во истрагата за Онкологија

ДТЗ
11 септември 2023

Пациентите бараат брзо расветлување на случајот Онкологија. Во понеделникот телефонски биле контактирани десетина граѓани од надлежен Јавен обвинител кои сакаат да помогнат во постапката

https://p.dw.com/p/4WDC1
Обвинителство
Тројца пациенти ќе се вклучат во истрагата за цитостатицитеФотографија: Petr Stojanovski/DW

Тројца онколошки пациенти ќе ја набљудуваат преистражата постапка која што се води на Клиниката за онкологија во Скопје, со цел да биде траспарентен целиот процес. Во пресрет на новите протести кои се најавуваат со кои се бара брзо расветлување и одговорност за случајот, Основното јавно обвинителство - Скопје информира дека ќе побара од неформалната организација преку која пациентите ги изнесуваат своите барања да избере тројца онколошки пациенти кои во текот на целата постапка ќе имаат директен увид во прибраните докази и во преземените дејствија.

Тајност на постапката

Пациентите ќе треба претходно да потпишат изјави со кои ќе се гарантира тајноста на постапката и на личните податоци во кои ќе имаат увид. Начинот на избор на пациентите е оставен на нивните претставници кои го изнесоа ваквото барање, соопшти Обвинителството.

Само во текот на денешниот ден телефонски биле контактирани десетина граѓани од надлежен Јавен обвинител кои сакаат да помогнат во постапката. Обвинителството ги охрабрува сите граѓани кои имаат информации за овој случај да ги известат надлежните.

Во меѓувреме се организираат нови протести по обвинувањата дека се препродавале лекови за хемотерапија на скопската Клиника за онкологија.

Неформалната група „Протест за убиството на онкологија“ бара детали за истрагата и одговорност од високите функционери кои биле вмешани во скандалот. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема