Војната во Украина ги менува глобалните текови на оружјето
11 март 2024Војната во Украина има значајно влијание на глобалната трговија со оружје. Стокхолмскиот меѓународен институт за мировни истражувања СИПРИ во својот нов извештај го споредува периодот од 2019 до 2023 со 2014 до 2018 година и наоѓа бројни, на места драматични промени. Опсегот на глобалната трговија со оружје се намали за 3,3 проценти во споредба со 2014-18, но европскиот увоз на оружје е речиси удвоен, главно поради војната во Украина. Лавовски удел во испораката на оружје, односно 55 проценти, е од САД. Тоа е за 20 проценти повеќе отколку во периодот 2014-18 година, што е уште еден знак дека Европа е станата уште позависна од САД.
САД ја проширува водечката позиција
Благодарение на зголемениот извоз во Европа, САД успеа да го зголеми својот глобален извоз на оружје за 17 проценти. Уделот на САД во меѓународната трговија со оружје исто така порасна од 34 на 42 проценти. Ширум светот САД снабдува 107 земји со свое оружје, повеќе отколку во претходниот петтогодишен период. Со тоа САД се светски шампиони.
„САД ја прошири својата глобална улога како снабдувач со оружје, тоа е важен аспект на нивната надворешна политика", пишува Метју Џорџ од СИПРИ, истакнувајќи дека тоа се случува во момент кога „американската економска и геополитичка доиминација е доведена во прашање од страна на некои економии и земји во брз развој."
Во 2023 Украина- најголем увозник на оружје
Не е ни чудо што меѓу европските држави Украина драматично го има зголемено увозот на оружје. Додека во периодот 2014/18 увозот беше скромен, делумно и заради тоа што самата произведуваше многу оружје и едвај и беше потребен увоз, во периодот 2019/23 година (руската агресија започна во 2022 година) стана четврт најголем увозник во светот по Индија, Саудиска Арабија и Катар. Зголемувањето на вредноста на увозот изнесува околу 6600 проценти.
А, ако се земе само 2023 година, Украина беше најголем узвоник на оружје во светот, но треба да се нагласи дека поимот „увозник“ не ја отсликува сосем исправно ситуацијата затоа што испораката на оружје за Украина не беше првенствено продажба, туку подарок на оружје. Главни добавувачи за земјата во тој период се САД со 39 проценти удел, па Германија со 14 проценти и Полска со 13 проценти.
Русија заостанува
Како и претходно, пет најважни извозници на оружје на светот се САД, Франција, Русија, Кина и Германија. Но, редоследот е приоменет во однос на периодот 2014/18, штио исто така е поврзано со војната во Украина, затоа што Франција ја замени Русија на второто место. Рускиот извоз е значително намален за 53 проценти, додека францускиот е пораснат за 47 посто. Бројот на земјите кои купуваат руска опрема исто така е драматично намален. Додека во 2019 година уште 31 држава купуваше оружје од Москва, во 2023 година останале само 12, а далеку најважни се Кина и Индија. Овие две земји се исто така оние кои немаа прекин ниту кога се во прашање други стоки како нафтата и гасот. „Во другите случаи, САД и европските земји вршеа притисок на потенцијалните купувачи на руско оружје", вели за ДВ Питер Веземан, rеден од авторите на извештајот. „Пример е Египет, кој сакал да купи руски борбени авиони и беше под притисок од САД да не го стори тоа, па сега се врти кон Франција", вели Веземан.
Француската стратегија за независност
Растот на Франција Веземан го објаснува со нивната политика на стратешки суверенитет. „Париз сака да ја користи воената моќ кога ќе посака, а да не зависи од оружјето на други држави. За да биде тоа возможно потребна е индустрија за оружје. Но, за таа да се одржува на Франција и треба извоз, инаку се би било прескапо„ анализира Веземан.
Францускиот извоз на оружје значително е пораснат во изминатите десет години. Посебно добро се продаваат борбените авиони Рафаел, кои ги има набавено и Хрватска, како и подморниците и фрегатите од француските бродоградилишта. Најголем купец на Рафаел е Индија, која не се потпира само на еден добавувач, па купива и од Русија и од западните земји.
Африка увезува далеку помалку оружје од претходно
Додека Европа го удвои увозот, кај Африка тој е за половина Во сите останати делови од светот има малку промени. Пдот во Африка главно е последица на значително помалиот увоз во две земји, имено Алжир и Мароко. Најважен добавувач на оружје за Африка е Русија, а потоа САД и Кина. Африка е регион кој продолжува да купува многу оружје од Русија и таму земјата ја шири својата воена позиција.
Германски извозен хит – подморници
Германија остана на петтото место на листата на најголеми извозници. Главен регион на клиенти се Блискиот и Средниот Исток. Но, германскиот извоз на оружје е намален за 14 проценти. Сепак, тој пад е релативен, вели Веземан, затоа што изминатиот петтогодишен период беше исклучително успешен заради големиот број на нарачки, особено на подморници. Од друга страна, поединечно гледано, 2023 година беше посебно добра за германската индустрија за оружје. „Секако, тоа е поврзано со помошта со оружје за Украина, но и на пример со испораката на подморници за Сингапур и фрегата и корвета за Израел и Египет", посочува Веземан.