1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

С. Македонија со најголеми загуби на вода во регионот

ДТЗ
19 јуни 2024

За справување со овој проблем потребен е континуиран инвестициски циклус во водоводната мрежа, со цел да се намалат загубите на вода од извор до чаша.

https://p.dw.com/p/4hFZo
вода
Северна Македонија со најголеми загуби на вода во регионотФотографија: DW

Северна Македонија е една од земјите со најголеми загуби на вода во регионот - околу 63 проценти. За справување со овој проблем потребен е континуиран инвестициски циклус во водоводната мрежа, со цел да се намалат загубите на вода од извор до чаша. Според податоците за 2023 година на ниво на цела држава, загубата на вода во просек изнесува над 60 проценти. Ова беше истакнато на 32. Генерално собрание на регулаторите за вода од Европската Унија - WAREG, што се одржува во Скопје.

Како да се намалат загубите?

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), Марко Бислимоски вели дека во регионот сме една од земјите со највисоки загуби.

„Во повеќе наврати кажавме дека не бегаме од одговорност и сме подготвени да ја определуваме крајната цена за сите водни услуги, имајќи го предвид нашето искуство и во енергетиката, со тоа што гарантираме дека ќе ја подобриме ефикасноста на компаниите, ќе овозможиме поголем број инвестиции и за сметка на тоа, ќе ги намалиме загубите на вода на државно ниво и притоа, нема да предизвикаме никакви ценовни шокови. Со намалувањето на загубите, ќе се зголемат количините што ќе се фактурираат и на тој начин, нема да има никакви потреби од зголемување на цената за водните услуги“, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски.

Марко Бислимоски
Клучно е да се обезбеди цена што ќе овозможи развој на претпријатијата, да биде достапна и прифатлива за крајните корисници, а регулаторот да ја преземе целосната надлежност во формирање на крајната цена, вели БислимоскиФотографија: DW/K. Delimitov

Препораки

Според него, клучно е да се обезбеди цена што ќе овозможи развој на претпријатијата, таа да биде достапна и прифатлива за крајните корисници, а регулаторот да ја преземе целосната надлежност во формирање на крајната цена. 

„Со години инсистираме да ја преземеме во целост надлежноста за формирање на тарифи што се реални и инвестициски поттикнувачки. Со природните ресурси, како водата, не смееме да дозволиме алиби игри. Во овој момент РКЕ определува само опсег на тарифи - од минимална до максимална, а советите на локалните самоуправи најчесто се определуваат за најниската цена, односно тарифа што обезбедува минимален праг на рентабилност со мали инвестиции, при што мрежата не се обновува, а вработувањата се зголемуваат“, вели тој. 

Препораките се дека е неопходен континуиран инвестициски циклус во инфраструктурата, како и оптимизирање на бројот на вработени во јавните комунални претпријатијата, при што во исто време клучно е да се обезбеди цена што ќе овозможи развој на претпријатијата и воедно да биде достапна и прифатлива за крајните корисници. „Решение, како регулатори, гледаме преку преземање целосна надлежност во формирање на крајната цена“, вели Бислимоски.