Секој петти Германец нема пари за одмор
17 јули 2023Една недела одмор во годината е недостижна цел за многу германски граѓани. Според најновите статистички податоци од Евростат, минатата година 21,9% од населението немало пари за да си дозволи еднонеделно патување. Тоа е за два процента повеќе отколку во 2021 година и за речиси десет проценти повеќе од 2019 година (12,8%).
Најмногу погодени се самохраните родители. Во таа категорија дури 42% од луѓето не се во состојба да заминат на одмор. Најголеми финансиски можности за патување имаат членовите на домаќинства каде има двајца возрасни кои финансиски не издржуваат деца.
„Овие бројки покажуваат колку Германија е длабоко социјално поделена“, оцени шефот на пратеничката група на Левица во Бундестагот, Дитмар Барч. Според него, „секој треба да има можност да замине барем една недела на одмор годишно“, а за тоа се неопходни повисоки плати, пензи и консеквентна антиинфлациска политика.