1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КриминалГерманија

Се зголемуваат кражбите во продавниците во Германија

Матијас Рихтман
17 јули 2024

Во 2023 година, кражбите во германските продавници се зголемија за 23,6%, при што повеќето случаи останаа неоткриени. Загубите за германските продавници достигнуваат околу 4 милијарди евра, а помалите, семејни продавници се загрозени во својата егзистенција.

https://p.dw.com/p/4iOxn

Во продавниците во Германија има сѐ повеќе кражби. Нивниот број во 2023 година е зголемен за речиси 24%. Сопствениците на малите продавници велат дека крадците им го загрозуваат работењето. Експертите сметаат дека порастот на кражби се должи на зголемувањето на трошоците за живот. Но, има и крадци кои потоа ги препродаваат производите онлајн. Кражбите во продавниците се зголемени и во други европски земји.