1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиГерманија

Се урна дел од хотел во Германија: Двајца загинати

ЖА
7 август 2024

Откако се урнал дел од хотел во општината Крев на Мозел во покраината Рајнланд Пфалц, има две загинати лица, а тројца се уште под урнатините

https://p.dw.com/p/4jBh1
Се урнал дел од хотел во општината Крев на Мозел во покраината Рајнланд Пфалц, Германија
Се урнал дел од хотел во општината Крев на Мозел во покраината Рајнланд Пфалц, ГерманијаФотографија: Christian Schulz/Foto Hosser/dpa/picture alliance

По делумното уривање на хотел во Рајнланд-Пфалц, две лица се пронајдено мртви. Полицијата во Трир соопшти дека уште три лица сѐ уште се заробени во зградата во Крев, некои со сериозни повреди. Меѓу нив има и дете, но тоа било физички неповредено, соопштил портпарол на полицијата, како што објави СВР.

Службите за спасување имаат барем делумен контакт со повредените. Според досегашните сознанија на полицијата, во моментот на несреќата во зградата имало 14 лица. Петмина успеале да побегнат од објектот неповредени. Во полициско соопштение се вели: „Поради штетата, ова е исклучително тешка операција, бидејќи службите за итни случаи можат да влезат во зградата само со голема претпазливост."

На местото на несреќата се присутни околу 250 припадници на службите за итни случаи - од противпожарната служба, медицинските служби, полицијата, специјалните сили, како и кучиња за спасување. Спасувачите уште се обидуваат да влезат во хотелот за да ги спасат затрупаните луѓе.

Според полицијата, околу 23 часот се урнал еден кат од зградата во општина Трабен-Трабах, а морало да се евакуираат 31 жител од непосредното соседство. Сликите од местото на несреќата од ноќеска покажуваат дека се урнати делови од повеќекатната полудрвена зграда, бетонски парчиња лежат на земја. Според СВР, очевидци пријавиле силен тресок и голем облак од прашина. Сè уште не е јасно како дошло до тоа зградата делумно да падне.