Саботажи на француската железница пред почетокот на Игрите
26 јули 2024Извор близок до истрагата, за агенцијата АФП, изјави дека нападите биле координирани „акти на саботажа“.
„Ова е масивен напад на големо ниво со цел да се парализира мрежата на ТеЖеВе (брзата железница)“, соопшти националниот железнички оператор СНЦФ, додавајќи дека многу рути биле откажани.
„СНЦФ е жртава на повеќе симултани злонамерни дејствија во текот на ноќта“. Нападите имаат последици врз атлантските, северните и источните железнички линии. Сообраќајот е попречен на многу места, а поправките ќе траат најмалку неколку дена.
СНЦФ ги повика патниците да ги одложат патувањата и да не се доближуваат до железничките станици.
Нападите се случуваат во пресрет на отворањето на Игрите во главниот град Париз, кој е огромни безбедносни мерки поради очекуваните 300.000 посетители, како и посетата на голем број ВИП гости.
Со парадата е предвидено околу 7.500 спортисти да патуваат на 6-километарска рута по реката Сена со 85 бродови.
Тоа ќе бидат првите Летни Олимписки игри кои нема да бидат отворени на стадион, одлука која носи големи опасности кога Франција е под закана од терористички напади.