1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиЕстонија

Русија распиша потерница по естонската премиерка Каја Калас

ЕМФ | агенции
13 февруари 2024

Руската полиција распиша потерница по естонската премиерка Каја Калас. Потерница е распишана и по уште двајца други функционери.

https://p.dw.com/p/4cLJl
Естонската премиерка Каја Калас
Естонската премиерка Каја Калас е една од најострите критичари на рускиот претседател ПутинФотографија: Askin Kıyagan/Anadolu/picture alliance

Естонската премиерка Каја Калас е ставена на листата на лица по кои трага руската полиција. Потерница е распишана и по естонскиот државен секретар Таимар Петеркоп и литванскиот министер за култура Симонас Каирис. Во базата на податоци на руското Министерство за внатрешни работи не е наведено за какво кривично дело се бараат тројцата функционери.

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, изјави дека Калас се товари за непријателско делување против Русија и „сквернавење на историското сеќавање“. Руската новинаска агенција Тас цитира неименуван извор, кој вели дека тројцата функционери се товарат за „уништување на споменици на советски војници“.

Односите на Русија и балтичките држави, по почетокот на руската инвазија на Украина, се исклучително тензични. Естонската премиерка Калас е една од најострите критичари на рускиот претседател  Владимир Путин. Таа е на чело на естонската влада од 2021 година.