1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рама: Размислуваме во Отворен Балкан да поканиме ЕУ-земји

ЕМФ | агенции
2 септември 2022

Албанскиот премиер Еди Рама на самитот Отворен Балкан во Белград изјави дека сериозно се размислува да се упати покана до други партнери и земји од ЕУ да се приклучат на иницијативата.

https://p.dw.com/p/4GM1j
Еди Рама, Александар Вучиќ и Димитар Ковачевски во Белград, 2.09.2022
Еди Рама, Александар Вучиќ и Димитар Ковачевски во Белград, 2.09.2022Фотографија: Government of North Macedonia

„Никој не треба да биде љубоморен на нас. Овде се Унгарците и Турците, а ги повикавме Грците и Италијанците“, изјави денеска (2.09) во Белград, на самитот Отворен Балкан, албанскиот премиер Еди Рама.

Тој рече дека „сѐ повеќе и повеќе земји сакаат да присуствуваат на конференцијата Отворен Балкан и тоа од оние простори од каде што ние долго чекавме покани“: „Тоа за мене е потврда дека Балканот е за Европа важен исто колку што е и Европа за Балканот“.

Рама потенцираше дека Албанија, Србија и Северна Македонија сакаат да извлечат максимум од иницијативата Отворен Балкан и оцени дека е добро што на самитот е и амбасадорот на САД, „што значи дека нема да има недоразбирања“.

Доколку земјите од Отворен Балкан, како што рече Рама, беа на пат на постојан конфликт, немаше да можат да ги одмрзнат одлуките за забрана на извозот на жито и да се потпишат договори меѓу српските производители и албанските увозници, како ни договорот за безбедност на прехранбените производи:

„Во време кога буџетот се одлева поради енергетската ситуација, повторно ги обединивме силите, така што тоа што го има Србија вишок може да се префрли на Албанија и Северна Македонија и обратно“, рече премиерот на Албанија.

- повеќе: Отворен Балкан и разногласието во Вашингтон

Тој додаде дека може да се искористат извонредните искуства за привлекување странски инвестиции во Србија, а добри искуства, според Рама, има и Северна Македонија и на инвеститорите може да им се понуди просторот на Балканот.