1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиРусија

Путин нареди маневри со нуклеарно оружје

ЕМФ / ртр
6 мај 2024

По изјавите на водечките западни политичари за можно распоредување војници во Украина, рускиот претседател Владимир Путин нареди маневри со нуклеарно оружје.

https://p.dw.com/p/4fXyk
Рускиот претседател Владимир Путин
Рускиот претседател Владимир Путин нареди маневри со нуклеарно оружјеФотографија: Kremlin.ru/REUTERS

Наредбата на рускиот претседателВладимир Путин за маневри со нуклеарно оружје е одговор на изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон, кој не ја отфрли можноста за испраќање војници, потенцираше во Москва портпаролот на руската влада, Дмитри Песков. Слични изјави дале и британски политичари и членови на Претставничкиот дом на САД. Руските тајни служби, како што се вели од Москва, ќе ги истражат и извештаите дека француски странски легионери се префрлаат во Украина.

Дмитри Песков, портпарол на Кремљ
Дмитри Песков, портпарол на КремљФотографија: Sergei Savostyanov/TASS/dpa/picture alliance

Министерството за одбрана во Москва соопшти дека на маневрите ќе се вежба употреба на тактичко нуклеарно оружје. Во маневрите ќе учествуваат ракетни формации од Јужниот воен округ и поморски сили. Целта, како што се вели, е да се обезбеди територијален интегритет на Русија „како одговор на провокативните изјави и заканите на некои западни претставници против Руската Федерација“. Русија постојано ги обвинува САД и нивните сојузници дека со воената помош за Украина го туркаат светот на работ на конфронтација меѓу нуклеарните сили.