1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Штрајкови во Германија: Возови стојат, авиони не полетуваат

ЖА
12 март 2024

Повторно штрајкуваат машиновозачите од Германска железница, како и кабинскиот персонал во авиокомпанијата Луфтханза.

https://p.dw.com/p/4dPzm
Железничка станица во Берлин - штрајк на машиновозачите во Германски железници
Шести штрајк на машиновозачите во Германски железници поради тарифните преговориФотографија: Hannes P Albert/dpa/picture alliance

По шести пат синдикатот на машиновозачите ГЛД во спорот околу тарифните преговори со Дојче бан повика на прекин на работата. Штрајкот во меѓународниот и регионалниот патнички сообраќај, кој ќе трае 24 часа, започна во ноќта кон вторник во два часот. Товарниот сообраќај пак е запрен уште од вчера во 18 часот. Германска железница  соопшти дека за време на штрајкот ќе функционира околу 20 проценти од регуларниот ред на возење. Во понеделникот вечерта Судот на трудот во Франкфурт на Мајна го отфрли барањето на Дојче бан за спречување на  прекинот на работата по итна постапка.

Кабинскиот персонал на Луфтханза штрајкува во вторник и среда

Луфтханза, Франкфурт на Мајна, Германија
По копнениот пресонал, сега штрајкува и кабинскиот персонал во ЛуфтханзаФотографија: Lando Hass/dpa/picture alliance

Денеска (вторник) и утре (среда) штрајкува кабинскиот персонал во  авионската компанија Луфтханза  и нејзината регионална компанија Ситилајн. За денеска е планирано анулирање на сите полетувања на авионите на Луфтханза од аеродромот во Франкфурт на Мајна, а за среда – сите полетувања од  аеродромот во Минхен.  Според информации на авиокомпанијата, на двата дена ќе бидат погодени околу 100.000 патници. На штрајк повика синдикатот на кабинскиот персонал, УФО, со барање за зголемување на платите од 15 проценти за период од 18 месеци, укажувајќи притоа на рекордната добивка на Луфтханза од околу 1,7 милијарди евра. Синдикатот освен тоа бара ипслата на инфлациона премија од 3.000 евра и повисоки додатоци за кабинскиот персонал. Во четвртокот и во петокот повторно  штрајкуваше и копнениот персонал на Луфтханза.