1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КриминалАвстралија

Повторно напад со нож во Австралија

ЕМФ | агенции
15 април 2024

Два дена по нападот со нож во Сиднеј, Австралија, во кој загинаа седум лица, денеска се случи уште еден напад со нож.

https://p.dw.com/p/4emuW
Австралија полицаец
Уапсено е едно лице, кое се наоѓа на распит, соопшти полицијатаФотографија: David Gray/AFP/Getty Images

Неколку лица се повредени во црква во Вокли, на околу 30 километри западно од Сиднеј, соопшти денеска (15.04) австралиската полиција. Уапсено е едно лице, кое се наоѓа на распит. Посетителите на црквата, како што се вели, не биле сериозно повредени. Тие се згрижени од страна на медицински лица.

Свештеник и неколку верници биле избодени со нож за време на богослужба во црквата, јавија локалните медиуми. На интернет е објавена видео снимка на која се гледа како маж прободува свештеник.

Во саботата (13.04) во Сиднеј, во напад со нож во трговски центар, беа убиени седум лица. Според првичните сознанија на истрагата, напаѓачот очигледно има психички проблеми. Се исклучува терористичка позадина на нападот.