1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Марко Рубио е нов државен секретар на САД

ЖА
21 јануари 2025

На денот на неговата инаугурација веќе е објавено првото кадровско назначување во кабинетот на Трамп: републиканецот Марко Рубио ќе биде новиот државен секретар на САД. Сенатот едногласно го потврди Рубио.

https://p.dw.com/p/4pPYL
Марко Рубио е нов државен секретар на САД
Марко Рубио е нов државен секретар на САДФотографија: Julia Demaree Nikhinson/AFP

Американскиот Сенат едногласно го потврди Марко Рубио за државен секретар, со што стана првиот член на кабинетот на старо-новиот американски претседател Доналд Трамп. Републиканскиот сенатор од Флорида беше еден од најмалку контроверзните кандидати на Трамп.

Гласањето на Сенатот беше јасно, 99 спрема 0.  „Марко Рубио е многу интелигентен човек  со извонредно разбирање на американската надворешна политика“, го пофали републиканскиот сенатор Чак Грасли од Ајова на отворањето на седницата.

Традиционално е Сенатот да се состане веднаш по манифестацијата на инаугурацијата за да започне со потврдување на  тимот на новиот претседател.  За време на првиот мандат на  Доналд Трамп, Сенатот првиот ден ги потврди неговите секретари за одбрана и за домашна безбедност. Брзо гласање се очекува и за  друг кандидат,  Џон Ретклиф, на кого Трамп сака да му ја довери разузнавачката агенција за странство ЦИА. Гласањето за  другите кандидати,  вклучително и ветеранот и водител на Фокс њуз, Пит Хегсет за секретар за одбрана, се очекува да се одржи подоцна оваа недела.