Поплави во Германија: Евакуации, пробивање на насипи
28 декември 2023Ситуацијата со поплави и понатаму е тензична на некои реки во Германија. Погодени се областите по течението на Елба во покраината Саксонија и Саксонија-Анхалт, како и на Везер во Северна Рајна-Вестфалија и Долна Саксонија. Во Дрезден во четврток се очекува да биде надмината границата од шест метри на реката Елба. На мерачот Шена во близина на чешката граница, на сила е второто највисоко ниво на тревога - 3, таму рано утрото се измерени 6,37 метри над границата. Дрезден веќе прогласи трето ниво на тревога во вторникот навечер.
Со цел да се заштити Магдебург од поплави, претпладне ќе биде отворена браната Претцинер долга 135 метри, мерка што последен пат се случи во јуни 2013 година. И сега тоа треба да обезбеди третина од водата на Елба да тече во канал долг 21 километар околу Шенебек, Магдебург и други места во низините на Елба додека не се влее назад во реката.
Пукнат насип во Лилиентал
На Хелме, која тече јужно од Харц, се очекува највисокото ниво на тревога за поплави - 4. Во Долна Саксонија, државната агенција за управување со водите, крајбрежјето и зачувување на природата очекува тоа нивото на нивото на водата да продолжи да расте првенствено на средниот тек на реката Везер и на горниот тек на Алер, Лајне и Окер.
Според локалната противпожарна служба, во средата попладне пукнал насип во општината Лилиентал, во близина на Бремен, поради што во четвртокот вечерта беа евакуирани дополнителни улици. Во соседен Бремен, ситуацијата со поплавите во областа Боргфелд е слично напната. Во областа Тимерслох, на насипите било можно дополнително зајакнување, така што таму веќе не мора да се врши евакуација, како што изјави портпаролот на противпожарната служба рано утрото.
300 луѓе мораа да ги напуштат своите домови
Поради поплавата на реката Алер, околу 300 луѓе во општината Винсен во Долна Саксонија мораа да ги напуштат своите домови. Населбите Вестохе и Сидохе мораа да бидат евакуирани, објави во средата навечер округот Целе. Нивото на водата на тамошните улици се искачи на околу 40 до 50 сантиметри, па струјата беше исклучена од безбедносни причини. Спортската сала Алертал во Винсен моментално се адаптира како итно сместување.
Во некои места во областа Верден во текот на ноќта сè уште имаше „загрозувачка ситуација“ поради поплави и слабеење на насипите, како што изјави портпаролот на противпожарната служба.
Прелиминарните фази на тревога од катастрофи во Долна Саксонија
Неколку области во покраината Долна Саксонија прогласија прелиминарна фаза на алармот за катастрофи - тоа, меѓу другото, значи дека окружните администрации имаат полесен пристап до мобилизација на работниците за помош. Според покраинскиот директор на пожарникарската служба, Дитер Рорберг, особено е погоден градот Сарстед во областа Хилдесхајм, каде што заедно течат реките Иннерсте и Лејн.
Од Минден до Хокстер во Северна Рајна-Вестфалија, нивото на водата опадна во средата, според државната канцеларија, но се предвидува зголемување на нивото на водата за средниот тек на реката Везер. На мерачот Дракенбург во областа Нинбург дури е надминат досегашниот рекорд на водостојот од 1981 година, поточно 8,34 метри. Во Северна Рајна-Вестфалија, бројни брани исто така остануваат под опсервација.
Привремено помалку дожд
Денеска, според прогнозата на Германската метеоролошка служба ќе остане главно суво време. Ова би можело донекаде да ја олесни состојбата со поплавите на некои реки, но, според метеоролозите, ризикот од пообилни врнежи потоа повторно ќе се зголеми. Во петок може да врне повторно, особено во областите околу Харц, Бергишес Ланд, Зауерланд и Зигерланд. Според Германската метеоролошка служба, за сабота се прогнозираат само локални врнежи од дожд, но во недела повторно се можни пообилни и почести дождови.