1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Титаник 2“: Мијалков и Тачи добија по две години затвор

ДТЗ
23 јануари 2023

Делото за кое е осуден Мијалков - примање награда за противзаконито влијание, застарува за три месеци, во април 2023 година.

https://p.dw.com/p/4MaUL
Сашо Мијалков судење
Мијалков и Тачи добија по две години затворФотографија: Petr Stojanovski

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и лидерот на ДПА Мендух Тачи добија две години затвор за случајот „Титаник 2“.Пресудата денеска беше објавена во Кривичниот суд, а двегодишни казни затвор им беа изречени и на поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Сашо Срцев, Влатко Сајковски и Анета Стефановска. Тие се осудени за повреда на избирачкото право, а Мијалков за примање награда за противзаконито влијание.

Делото за кое е осуден Мијалков, „примање награда за противзаконито влијание“,застарува за три месеци, во април 2023 година. За да не се одолговлекува постапката пред Апелациониот суд, што би довело до застарување на делото, обвинителот Гаврил Бубевски најави дека нема да поднесе жалба на пресудата. Тој е задоволен од казните коишто беа изречени  во Кривичниот суд, а кои се помали од првиот пат. 

Ова е всушност, втора пресуда на Основниот кривичен суд, кој во март 2019 година им изрече повисоки казни на обвинетите. Меѓутоа, Апелацискиот суд Скопје ја укина пресудата и го врати предметот на повторно судење. Со првата пресуда, Мијалков доби три години затвор, Тачи на три години и два месеци, на 4,5 години беше осуден Ибраими, а останатите членови на ДИК беа осудени на по три години затвор..

Според обвинението, Мијалков преку лидерот на ДПА, Мендух Тачи, нарачал да му наложи на сопартиецот од ДИК, Бедредин Ибраими, да гласа за поништување на регуларно гласање во избирачко место во Струмица, во корист на Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ, на штета на тогашниот кандидат за градоначалник, Зоран Заев.