1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаТурција

Почина турскиот проповедник Фетулах Ѓулен

ЖА
21 октомври 2024

Турскиот проповедник Фетулах Ѓулен починал на 83-годишна возраст во егзил во САД, според пишувањата на медиумите. Ѓулен беше обвинет од владата на Ердоган за обид за пуч во 2016 година.

https://p.dw.com/p/4m13Q
Турскиот проповедник Фетула Ѓулен
Турскиот проповедник Фетула ЃуленФотографија: Selahattin Sevi/Zaman Daily/Cihan News Agency /REUTERS

Турскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој важеше за главен непријател на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и со години живееше во егзил во САД починал на 83-годишна возраст, објавија медиумите. Ѓулен беше обвинет од страна на владата на Ердоган дека е одговорен за  обидот за пуч во Турција во 2016 година.

Турската јавна телевизија ТРТ објави, повикувајќи се на групи блиски до Ѓулен, дека исламскиот свештеник починал во болница во понеделникот вечерта. Ѓулен беше обвинет од страна на Анкара дека стои зад  обидот за државен удар  против претседателот Реџеп Таип Ердоган во 2016 година.

Влијанието на Ѓулен  се засноваше на неговото движење Хизмет. Долгогодишниот сојузник на Ердоган влезе во судир со него во 2013 година. Турската влада го обвини Ѓулен дека раководи со „терористичка“ организација. Ѓулен постојано ги отфрлаше обвинувањата упатени против него.

Ѓулен живееше во американската сојузна држава Пенсилванија од 1999 година. Во 2017 година му беше одземено турското државјанство.