Почеток на карневалската сезона во Рајнската област
11 ноември 2022И денеска, на 11 ноември во 11 часот и 11 минути традиционално во германската Рајнска област почна новата карневалска сезона која завршува на среда Пепелница, на 22 февруари 2023 година.
Најмасовно и најбучно секако е на улиците на Келн, каде карневалот годинава се одржува под мотото „200 години Келнски карневал - вкрстено". Во покраинската престолнина на Северна Рајна Вестфалија, Диселдорф, карневалистите празнуваат под мотото „Го славиме животот“.
Првпат по пауза од две години поради пандемијата на коронавирус, карневалот се одржува без никакви епидемиолошки ограничувања. Ланската година карневалистите мораа да се придржуваат на т.н. услов 2Г – да приложат доказ дека се вакцинирани или дека ја имаат прележано болеста. Ви пренесуваме дел од атмосферата низ фотографии: