1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаАвстрија

Победа на десните популисти на изборите во Австрија

ЕМФ / дпа
30 септември 2024

Десните популисти се првпат победници на парламентарни избори во Австрија.

https://p.dw.com/p/4lDcJ
Австрија | Шефот на ФПО, Херберт Кикл
Шефот на ФПО, Херберт Кикл, ја слави победата на изборите во АвстријаФотографија: Alex Halada/AFP/Getty Images

Десничарската Слободарска партија на Австрија (ФПО) победи на австриските парламентарни избори со 29,2 отсто од гласовите, соопшти австриското Министерство за внатрешни работи. Според прелиминарниот конечен резултат, Австриската народна партија (ОВП) е на второ место со 26,5 отсто од гласовите. Конзервативната ОВП загуби 11 проценти гласови во споредба со претходните избори во 2019 година, додека ФПО има освоено 13 проценти повеќе во споредба со изборите пред 5 години..

На трета позиција според освоени гласови е социјалдемократската СПО со 21,1% (-0,1). Либералната Неос доби 9 отсто од гласовите (+0,9). Зелените, кои досега беа на власт заедно со конзервативците, овојпат добија само 8% (-5,9) гласови. Малите партии, како Пивската партија или комунистичката КПО, останаа далеку под прагот од 4 проценти што е неопходен услов за влез во парламентот.

Прелиминарниот конечен резултат вклучува мнозинство од гласовите дадени по пошта. Останатите гласачки ливчиња би требало да се пребројат до четврток. Според проекциите на институтот Форсајт, резултатот на десничарските и конзервативните партии на крајот би требало да биде малку понизок, додека левиот и либералниот табор може да се надеваат на мало зголемување на освоените гласови.