Макрон бара од Израел воздржаност во Либан
3 јануари 2024Францускиот претседатл Емануел Макрон во телефонски разговор со израелскиот министер и член на воениот кабинет Бени Ганц побарал воздржување од „секакво ескалирачко однесување, особено во Либан“. Според соопштението од Елисејската палата, Франција ќе им ја пренесува ваквата порака и натаму „на сите директни или идндиректни актери во регионот“.
Макрон во разговорот со Ганц го повторил барањето да се работи на „траен прекин на огнот“ меѓу Израел и Хамас со помош на „сите регионални и меѓународни партнери“. Покрај тоа, Макрон уште еднаш ја изразил својата „најдлабока загриженост за многу високиот број на убиени цивили“ и „апсолутната вонредна хуманитарна состојба“ во Појасот Газа, соопшти Елисејската палата. Во исто време, францускиот претседател ја потврдил „посветеноста на Франција за безбедноста на Израел“.
Неколку часа претходно, во напад со беспилотно летало беше убиен заменик шефот на милитантно исламистичката палестинска организација Хамас, Салех ал-Арури. Нападот врз канцеларијата на Хамас на периферијата на либанската престолнина Бејрут му се припишува на Израел. Израелската армија не го потврди нападот и рече дека „не ги коментира информациите дадени од странските медиуми“.
Ова е прв нападот во главниот град на Либан од почетокот на војната. Досега, судирите меѓу израелската армија и либанската милиција Хезболах- сојузник на терористичкиот Хамас - беа ограничени на пограничните области во јужен Либан.
Хезболах најави одмазда по смртта на Ал-Арури и уште истата вечер изврши напад врз Израел.