По падот на авионот: Украина и Русија се обвинуваат во ОН
26 јануари 2024Рускиот заменик амбасадор во ОН, Дмитри Пољански, на седница на Советот за безбедност на ОН во Њујорк, изјави дека според досегашните информации станува збор за „намерно, промислено злосторство“.
Украинската заменичка амбасадорка во ОН, Кристина Хајовишин, пак, ги отфрла ваквите обвинувања и тврди дека Украина не била информирана за бројот и видот на транспортно средство за превезување на заробеници, кои, според руската страна, загинале при падот на авионот.
Досега нема потврдени информациии од независни извори за тоа кого или што било траспортирано со авионот од типот Иљушин Ил-76. Руското Министерство за одбрана тврди дека во него имало 65 украински заровбеници кои биле пренесувани на место каде требало да бидат разменети за руски заробеници. Во авионот, како што се тврди од Москва, имало и тројца чувари и шест членови на екипажот. Русија ја обвинува Украина дека го урнала авионот во регионот на Белгород со противвоздушни ракети од западно производство.
Авионот падна во средата (24.01.2024), 23 месеци попочетокот на руската инвазија на Украина. Вонредната седница на Советот за безбедност на ОН се одржа на барање на Русија. Украина бара независна меѓународна истрага за случајот.