1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КриминалСоединети Американски Држави

По масакрот во Нешвил: Во прашање биле психички проблеми

ЖА / агенции
29 март 2023

Шест лица беа убиени во основно училиште во Нешвил, Тенеси. Родителите на осомничената за нападот, сметаат дека таа не смеела да поседува оружје, соопшти полицијата.

https://p.dw.com/p/4PPzg
USA Nashville Covenant School  Trauer nach Amoklauf
Фотографија: John Amis/AP

28-годишната Одри Хејл, жената која изврши убиство на шест лица, од кои три деца и тројца возрасни воосновно училиште во американската сојузна држава Тенеси, се лекувала поради психички проблеми, соопшти шефот на полицијата во Нешвил, Џон Дрејк, додавајќи дека  од аспект на нејзините родители, таа не смеела да поседува оружје.

Спротивно на убеденоста на родителите, дека Хејл има само еден пиштол, се испоставило дека таа во куќата има скриено седум парчиња, купени легално во пет различни продавници за оружје. Три од нив, две полуавтоматски пушки и пиштол, таа ги имала со себе при нападот во училиштето.

28-годишната жена и трансродово лице упадна во христијанското приватно училиште Ковенант и застрела три деветгодишни деца, директорката на училиштето и уште двајца вработени, пред веднаш по пристигнувањето на полицијата, да биде и самата ликвидирана.

Нешвил, САД
Три деца и тројца вработени во училиштето беа убиени во нападотФотографија: Jonathan Mattise/AP/picture alliance

Мотивот за масакрот не е познат. Хејл и самата како дете го посетувала училиштето и веројатно, како што смета шефот на полицијата Дрејк, чувствувала некаков гнев кон институцијата.

Хејл, која на интернет платформите се идентификувала како маж, очигледно детално го планирала делото. Полицијата пронашла „манифест“ и мапа на училиштето со обележани пристапи кон зградата. Полицијата смета дека изборот на жртвите бил случаен. 

Американскиот претседател Џо Бајден, по училишниот масакр го повтори барањето за забрана на полуавтоматско оружје.

„Мораме да направиме нешто повеќе за да го запреме ова оружано насилство“, истакна Бајден, повикувајќи го Конгресот да го усвои неговиот предлог за заострување на правото на носење оружје.

„Насилството со оружје ги погодува нашите општини и ја раскинува душата на нацијата. Ова е болно“, потенцираше претседателот.