Реклама
Видео во должина од 42 секунди го покажува моментот кога воени авиони на руската армија се доближуваат и го оштетуваат набљудувачкиот дрон на американската армија над Црното море.
Тоа е прв сериозен инцидент од тој тип од почетокот на руската агресија врз Украина.
На снимката се гледа како на дронот најпрво му се доближува првото руско летало од типот Сухој Су-27 и врз него истура гориво. По неколку секунди и вториот руски воен авион го презема истиот маневар и го оштетува пропелерот на дронот.