Никола Упевче како конзерватор и мозаичар го оживува минатото на Охрид. Лихнидос и Охрид сега се на мозаик мапа на стариот град Охрид, која тој ја работел 10 години и ќе биде уникатна алатка за сите туристи. На неа се одбележани сите археолошки локалитети. Упевче го инспирираат старите мозаици и богатото минато и култура на Охрид.