1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ова се 73 производи кои од денеска треба да поевтинат

24 септември 2024

Од денеска стапи во сила владината одлука за намалување на маржите на 73 прехранбени производи. Со мерката се ограничуваат маржите на најмногу 10 проценти и ќе важи до 30 октомври.

https://p.dw.com/p/4l1iu
Македонија Храна Цени
Кои прехранбени производи поевтинуваат од 24 септемвриФотографија: P. Stojanovski

Трговците од вторник (24 септември) имаат обврска да ги намалат цените на 73 прехранбени производи, како што им наложи владата со одлуката за ограничување на маржите на 10 проценти. Притоа, како што е објавено во Службен весник, трговците на мало имаат обврска да набават најмалку 70% од количината набавена во август годинава од наведените производи, а истата обврска им се наложува и на производителите и на трговците на големо

Ова се 73-те производи

кои од денеска би требало да бидат со намалени цени во малопродажба: 

1) ориз бел, во пакување од 900g до 1kg;

2) брашно пченично, тип 400 во пакување од 1kg до 2kg;

3) бел и полубел леб, векна, индустриски тип 450g (цел и на парчиња), со исклучок на свежо печен леб во маркетите;

4) печени пекарски производи (ѓеврек обичен, бурек со месо и сирење, баничка со месо и сирење, симит погача и лисната кифла, обична и со сирење);

5) бисквити, "Petit Beurre" и бисквити обични од 300g до 500 g;

6) тестенини (макарони и шпагети од тврда пченица) без и со јајца од 500g (без додатоци); 7) масло за јадење од сончоглед, во пакување од 1 l;

Месо Маркет Храна
Свинското, јунешкото и пилешкото место треба да поевтинатФотографија: Maurizio Gambarini/picture allianc/dpa

8) месо, јунешко, без коски, од бут или некој друг дел;

9) месо, свинско, без коски, од бут или некој друг дел;

10) пиле (свежо и замрзнато) цело;

11) пилешки стек (свеж и замрзнат);

12) салама, шункова во пакување од 300g до 800g (без слајс пакување);

13) чаен колбас, од свинско месо (без додатоци и без слајс пакување);

14) чаен колбас, од говедско месо (без додатоци и без слајс пакување);

15) пилешка посебна саламa во пакување од 300g до 800g (без слајс пакување);

16) паштета од џигер и пилешка (кокошја), во пакување од 95g и 100g (без додатоци);

17) замрзната риба Ослиќ;

18) трајно кравјо млеко (освен органско млеко и млеко со додатоци) со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, во пакување од 1 l;

19) јогурт од кравјо млеко обичен, без додатоци, со масленост од 2,8% до 3,2%, во пакување од 1 l;

20) кисело кравјо млеко (обично, без додатоци) со масленост од 2,8% и 3,2 %, во пакување од 400g до 500g;

21) павлака од кравјо млеко, кисела, со масленост од 12% до 20%, во пакување од 180g до 400g;

22) урда;

23) традиционално кравјо бело сирење (без додатоци);

Кашкавал
И кашкавалот би требало да е поевтин на рафтовитеФотографија: Fernando Gutierrez-Juarez/dpa/picture alliance

24) традиционално мешано бело сирење (без додатоци);

25) традиционален кравји кашкавал (без додатоци);

26) традиционален мешан кашкавал (без додатоци);

27) свежи јајца од кокошка, пакување 1/10;

28) масло (путер), индустриски произведен, во пакување од 250g;

29) маргарин (обичен), во пакување од 250g;

30) јаболка;

31) праски;

32) грозје трпезно;

33) лимони;

34) портокали;

35) банани;

36) исчистени ореви;

37) грав; 

Зеленчук
Од зеленчукот, треба да поевтинат кромидот, компирите, зелката, краставиците...Фотографија: David Davies/PA/picture alliance

38) кромид;

39) компири;

40) моркови;

41) спанаќ;

42) зелка;

43) краставици;

44) корнишони;

45) лук;

46) тиквици;

47) боранија;

48) домати;

49) пиперки;

50) карфиол;

51) тикви;

52) модар патлиџан;

53) леќа;

54) магдонос;

55) брокула;

56) праз;

57) зеленчук замрзнат (мешавина), во фолија од 450g;

58) зеленчук замрзнат од пченка, во фолија од 450g;

59) зеленчук замрзнат од грашок, во фолија од 450g;

60) боранија замрзната, во фолија од 450g;

61) маслинки, црни;

62) грашок, конзервиран, во пакување од 400g;

63) ајвар од печени пиперки, тегла до 660g;

64) краставички, конзервирани, тегла до 720g;

65) печурки маринирани (сецкани), тегла до 720g;

66) шеќер кристал бел;

67) џем и мармалад;

68) чоколадо млечно обично, во пакување од 100g;

69) кечап;

70) мајонез, во тегла од 660g;

71) зачин (вегета, зачинал и сл.);

72) кафе, пржено, мелено, во пакување од 200g и

73) сок кашест (матен) овошен, од разно овошје, во тетрапак од 1 l.