Од страна на Хамас киднапираната Шани Лук е мртва
30 октомври 2023Германката со израелско потекло Шани Лук, која се водеше како исчезната по нападот на терористите на Хамас врз Израел, е мртва.
„Со голема тага објавуваме дека мојата сестра е мртва“, напиша изутринава (30.10) на Инстаграм нејзината сестра Ади. Претходно, мајката Рикарда за телевизијата НТВ изјави дека израелската армија ја информирала за смртта на нејзината ќерка.
Во меѓувреме и израелското Министерство за надворешни работи на платформата Х напиша дека е пронајдено и идентификувано телото на 22-годишната Шани Лук. Девојката присуствувала на музички фестивал на југот на Израел, кој на 7 октомври беше нападнат од страна на терористичкиот Хамас. Терористите притоа убија 260 лица, а зедоа и голем број заложници кои ги префрлија во Појасот Газа. Израел има потврдено дека се киднапирани 239 лица. Меѓу нив 12 се германски државјани.