Низ Германија за 49 евра: Истражувајте ги најубавите предели со воз
Од 1 мај во Германија е достапна патничка карта за само 49 евра месечно. Ви нудиме преглед на дел од најубавите предели кои можете да ги истражувате со воз.
Мостот Равена во Црната шума
Од 1 мај, можете да ја користите картата од 49 евра, позната и како германска карта низ целата земја. Може да се користи за трамвај, метро, автобус и воз. За почеток можете да ги погледнете убавините на Црната шума на рутата која минува низ мостот Равена во јужна Германија.
Горна средна Рајна
Патување по реката Рајна ќе ви остави впечаток. Еден од најубавите предели е долината на горна средна Рајна, која ги поврзува Бинген, Рудесхајм и Кобленц. Преполна со замоци и шармантни села, овој регион познат по одгледувањето вино беше прогласен за заштитен предел од УНЕСКО во 2002 година. Уживајте во патување со воз низ оваа питорескна убавина.
Реката Мозел
Патувањето покрај реката Мозел со воз е уште едно неверојатно искуство. Можете да започнете во градот Кобленц каде се среќаваат реките Мозел и Рајна, а потоа продолжете низ бројните виногради и замоци, вклучително и питорескното село Кошем на Мозел. Благодарение на евтината карта, можете и да застанете и да го пробате локалното вино попат.
Линдау на езерото Констанца
Патување со воз околу езерото Констанца во јужна Германија е уште спектакуларен настан. Возото РЕ5, на пример, тргнува од Штутгарт и завршува во баварскиот град Ландау, а патем ве води низ мирни полјани со цвеќиња со неверојатни погледи на Алпите. Откако ќе стигнете во Линдау обавезно прошетајте низ стариот град.
Од Минхен до Салцбург
Знаете ли дека можете да патувате со картата од 49 евра и во странство? На пример, можете да се качите на воз во Баварија и преку Алпите да стигнете до прекрасниот австриски град Салцбург, со истата карта.
До Хамбург со Зилт
Сега е полесно од било кога да стигнете до Зилт со мал буџет. Во Хамбург можете да се качите на возот РЕ6 и да отпатувате директно до овој популарен остров во Северното море, познат по своите песочни дини, зачуваните мочуришта и безбројни други активности. Патувањето трае помалку од 4 часа.
Од Дрезден до Децин, Чешка
Истражувањето на германската Саксонска Швајцарија со нејзините импресивни карпести предели е многу лесно со воз. Рутата ве води околу реката Елба од Дрезден до градо Бад Шандау, каде можете и да планинарите. Или можете да продолжите до градот Децин, во Чешката Република.
Виадуктот Гелцштал
Вљубениците во возови ќе и се израдуваат на шансата да го видат најголемиот мост од цигли во светот, Виадуктот Гелцштал. Со регионалните линии РБ4 и РБ2 од Гера до Чеб во Чешката Република можете да се возите по оваа импресивна структура. Но имајте предвид дека евтиниот билет не ви овозможува да ги користите скапите брзи возови.
Од Минхен до езерото Тегернзе
Езерото Тегернзе е магично место во Германија, опкружено со Алпите, но и лесно пристапно благодарение на евтиниот билет. Ако првата станица ви е Минхен, качете се на Баварскиот Копнен Воз, со крајна станица Гмунд на северниот крај на езерото, или до градот Тегернзе, која е последна станица.
Од Берлин до Балтичкото море
Ниту едно лето во Берлин не е целосно без патување на север до брегот на Балтичкото море. Новиот евтин билет го прави тоа патување полесно од било кога. Добивате шанса да го видите прекрасниот град Штралсунд (на фотографијата). Размислете за изнајмување велосипед на таа дестинација, затоа што возот може да биде преполн во летните месеци.