1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ТероризамФранција

Напад со нож во училиште во Франција

агенции | ЕМФ
13 октомври 2023

Маж вооружен со нож уби наставник во училиште во Арас, во северна Франција. Во нападот тешко се повредени уште еден наставник и еден надзорник.

https://p.dw.com/p/4XUtE
Напад со нож Арас Франција
Полиција пред училиштето во Арас, Франција, каде што се случил нападотФотографија: Denis Charlet/AFP/Getty Images

Во нападот што денеска (13.10) го изврши маж вооружен со нож во училиште во Арас, на северот од Франција, убиен е еден наставник, а тешко повредени се уште еден наставник и едно лице задолжено за надзор. Повредени ученици нема. Сторителот, според агенциски извештаи, при нападот извикал „Алах е голем“.

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин соопшти дека сторителот е уапсен. Во моментов во тек е полициска операција во Арас, напиша Дарманин на онлајн платформата X.

Францускиот претседател Емануел Макрон треба да замине за Арас, соопшти Елисејската палата. Во Арас треба да пристигне и министерот Дарманин. Премиерката Елизабет Борн ја откажа посетата на Орлеанс и се врати во Париз.

Полицијата ги повика граѓаните да не објавуваат слики или видеа на онлајн платформите од почит кон семејствата на жртвите. Позадината на злосторството засега е нејасна. Нападот ги буди сеќавањата во Франција на убиството на учителот Самуел Пати, кој беше жртва на џихадистички мотивиран напад во 2020 година.