1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Можен ли е Божик без прекумерно трошење?

Сузане Кордс
24 декември 2022

Божик за многумина е незамислив без накитена елка и без подароци. Но, се чини како времињата на незауздано трошење да се минато. Сѐ повеќе луѓе внимаваат празникот да мине под знакот на одржливост.

https://p.dw.com/p/4LNJH
Околу 20 проценти од Германците веќе не сакаат да го поддржуваат потрошувачкиот лудило за Божик
Околу 20 проценти од Германците веќе не сакаат да го поддржуваат потрошувачкиот лудило за БожикФотографија: Wedel/Kirchner-Media/picture alliance

Кога Силвија Мајер гледа низ прозорецот, здогледува прекрасна елка висока два метри. На најзините гранки висат црвени лампиони и светилки. „Ова е мојата елка“, вели таа, „и тука е многу години“. Таа пред долго време ја купила елката како мало дрво во саксија, а кога помонал Божик, го засадила дрвото во градината.

„Најодржливото дрво не е дрво“

Ако се прашаат Германците, многумина ќе речат дека Силвија Мајер постапила исправно. Зашто, секој Божик за во германските дневни соби се сечат околу 30 милиони дрвја. Но, нема секој градина како семејството Мајер. И дури и да има, многу дрвја воопшто не преживуваат надвор, бидејќи премногу долго стоеле на топло. Па, што да се направи ако човек не сака да се откаже од традиционалното дрво?

„Отворено кажано - најодржливото дрво не е дрво“, вели Корина Хелцел од Сојузот за заштита на животната средина и природата (БУНД) за РНД. „Или пак, дрво што и онака би се сечело при преземање шумски мерки, значи отпад.“ Но, со оглед на тоа што ова не би ги покривало потребите на сите домаќинства, се бараат алтернативи, бидејќи „се разбира, не сакаме да ја забраниме божиќната традиција на новогодишни елки“.

Дрвото едноставно е дел од Божик

Спротивно на она што го мислат многумина, пластичното дрво за повеќекратна употреба дефинитивно не е алтернатива. Затоа што иако со децении ја извршува својата должност на Бадник, на крајот тоа завршува во ѓубре. А, за разлика од вистинското дрво, тоа не е биоразградливо.

Mногу дрвја воопшто не преживуваат надвор, бидејќи премногу долго стоеле на топло
Mногу дрвја воопшто не преживуваат надвор, бидејќи премногу долго стоеле на топлоФотографија: picture alliance/dpa

Од друга страна, околу 80 отсто од елките засадени за Божик во оваа земја потекнуваат од монокултури. Вклучително и ѓубрива и пестициди. Доколку сакате да прославите на еколошки начин, при купувањето дрво барем треба да се одлучите за дрво од регионално еколошко одгледување, советува БУНД.

И, многумина сега го прават токму тоа, бидејќи според истражувањето на образовниот канал АРД алфа, само 24 отсто од Германците сакаат сосема да се откажат од божиќно дрво. Дрвото едноставно е дел од празникот. Сепак, во 2022 година, во време на енергетска криза, ќе се заштеди на празничното осветлување во куќата и градината. Ова ја „радува“ животната средина: сѐ додека електричната енергија доаѓа од фосилни извори на енергија, се зголемуваат емисиите на ЦО2.

Што да се одбере? (фото: продажба на божиќни дрва во Лајпциг)
Што да се одбере? (фото: продажба на божиќни дрва во Лајпциг)Фотографија: picture alliance/dpa

Борба против планините од ѓубре

А што е со хартијата за завиткување? Секоја година кантите за ѓубре се преполни со пакувања и украсна хартија, бидејќи секој подарок треба убаво да се завитка. Според проценките на издавачот на книги и канцелариски материјал Дабелино, само во Германија секоја година на отпад завршуваат околу 8.000 тони хартија за завиткување.

Но, и во тој дел има знаци на менување на трендот. Според студијата, 50 отсто од анкетираните сакаат да ја намалат употребата на хартија за завиткување заради животната средина. Во многу семејства старата хартија се пегла и повторно се користи, а трговците веќе реагираа: одамна може да се купи веганска хартија за завиткување. Освен тоа, со намера се да подаруваат само работи од рачна изработка.

Свесно трошење

Ова важи и за храната, која се консумира сѐ посвесно. 39 отсто од Германците велат дека за Божик сакаат да јадат регионална храна. Помина времето на незаузданите гозби, сè повеќе луѓе се хранат здраво, многумина се вегетаријанци или вегани - за доброто на животната средина.

Во меѓувреме околу 70 отсто од Германците зборуваат за поеколошка прослава на Божик. Значи. работите под елката се менуваат. „Меѓутоа, нема смисла само да се размислува за одржливост на Божик“, вели еколошкиот психолог Карен Хаман за АРД алфа. Нема смисла да размислувате само за тоа дали можете да јадете портокали од Шпанија или божиќно печење на празниците. „Треба да се обидеме да го намалиме нашето штетно однесување за климата во области како што се воздушниот сообраќај, мобилноста, енергијата и храната во текот на целата година“, нагласува таа. „Од друга страна, не треба да се осудуваме за секоја ситница.“

И Силвија Мајер има ист став. И затоа, како и секоја година, таа го одбра рецептот на својата баба за традиционалната печена гуска. „Можеби не е сосема погодна за климата“, вели таа, „но моето семејство со нетрпение го очекува тоа“. Само не ќерка ѝ Антонија. Таа на Бадник добива веганско тофу.