1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиРусија

Москва: Украински воздушен напад врз руски градови

СН/агенции
30 декември 2023

По најголемиот руски воздушен напад врз украински градови од почетокот на војната, Москва денеска објави дека се соборени 32 украински дронови над главниот и други градови во земјата. Се јавува и за едно загинато лице.

https://p.dw.com/p/4aivO
Руските власти јавуваат дека во градот Белгород во близина на украинската граница, едно лица загинало во украински воздушен напад
Руските власти јавуваат дека во градот Белгород во близина на украинската граница, едно лица загинало во украински воздушен нападФотографија: Maxim Shemetov/REUTERS

Во ноќта по најголемиот воздушен напад врз Украина од почетокот на војната, руската војска соборила  32 украински беспилотни летала над Москва и други делови од земјата.

Како што денеска соопштија руски воени претставници, украинските дронови биле пресретнати од воздушната одбрана над руските региони Брјанск, Ориол и Курск, во близина на украинската граница и над Московската област, објави Министерството за одбрана на Телеграм.

Украинскиот напад со дронови следува по вчерашната серија руски напади со ракети и беспилотни летала ширум Украина во кои, според властите во Киев, загинаа најмалку 30 лица, а беа ранети преку 160.

Киев уште соопшти дека тоа бил „најголемиот воздушен напад врз украинските градови и села“ откако Русија ја започна својата инвазија врз Украина во февруари 2022 година .

Експлозија на руски проектил во Киев за врема на масивниот воздушен напад на 29 декември, 2023
Експлозија на руски проектил во Киев за врема на масивниот воздушен напад на 29 декември, 2023Фотографија: GLEB GARANICH/REUTERS

Руското Министерство за одбрана, пренесе Ројтерс, објави дека противвоздушната одбрана во петокот уништила 13 украински ракети над јужниот регион Белгород, а регионалниот гувернер објави дека едно лице загинало, а четворица се ранети.

Министерството додава дека противвоздушната одбрана „го спречила обидот на Киев да изврши терористички напад“.

Вјачеслав Гладков, гувернерот на Белгород, потврди дека во нападот биле оштетени десет куќи и дека е оштетена и водоводната инфраструктура.

Александер Богомаз, гувернерот на Бријанск, соопшти дека над неговата област биле соборени шест беспилотни летала и оти е „спречен уште еден украински терористички напад“. Во тој напад немало жртви.

Во меѓувреме, на итно свикана седница на Советот за безбедност на ОН, повеќето членки на Советот, вклучувајќи ги САД, Франција и Велика Британија, го осудија смртоносниот руски воздушен напад врз Украина. Рускиот амбасадор во ОН Василиј Небензја, пак на седницата, изјави дека Москва ја нападнала само воената инфраструктура и дека украинските системи за воздушна одбрана се одговорни за цивилните жртви.