1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мицкоски до амбасадорите: Понудете ако имате подобро решение

ДТЗ
4 јули 2024

Премиерот Христијан Мицкоски во Гевгелија изјави дека „станало пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата“, но дека е подготвен да разговара ако му се понуди подобро решение

https://p.dw.com/p/4hrU8
Христијан Мицкоски
Премиерот во Гевгелија изјави дека „станало пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата“Фотографија: Petr Stojanovski/DW

ПремиеротХристијан Мицкоски ги повика амбасадорите и експертите, ако имаат да понудат подобро решение за судско-обвинителските институции, со цел да се врати довербата на граѓаните во нив. По повикот на амбасадорите  да не се распуштаат Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, со оглед на тоа дека станува збор за мешање во независноста на судската власт и ќе предизвика сериозна загриженост, Мицкоски оцени дека „станало пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата“. Тој од Гевгелија порача дека е подготвен да разговара и да прифати подобро решение за Судскиот совет и Советот на јавни обвинители кое веднаш ќе се примени. 

 Амбасадорите на ЕУ и САД во Северна Македонија, Дејвид Гир и Анџела Агелер во средата (3.07) му изразија поддршка на Судскиот совет и ги повикаа судиите да се ослободат од политичките притисоци. 

Анџела Агелер
 Амбасадорите на ЕУ и САД во Северна Македонија, Дејвид Гир и Анџела Агелер во средата (3.07) му изразија поддршка на Судскиот совет и ги повикаа судиите да се ослободат од политичките притисоци.Фотографија: Reg. Nordmazedonien

„Нека дојдат и нека кажат“ 

„Над 600 илјади граѓани гласаа за оваа коалиција, очигледно тоа за нив не значи ништо. Истовремено истите велат дека е катастрофална состојбата со владеењето на правото, дека цути криминалот и корупцијата, довербата во Судскиот совет и Советот на јавни обвинители е 2-3%. Очигледно дека работите не фунционираат. Логично е кога ќе видите проблем - да побарате решение. Еве, ние понудивме решение“, вели Мицкоски. 

Тој ги повика амбасадорите ако имаат подобро решение „нека дојдат и нека кажат“. „Подготвен сум да разговарам и ако е тоа решение подобро веднаш да го прифатам и да го примениме. Еднаш за секогаш да ја вратиме довербата на граѓаните во судско - обвинителските институции, затоа што вака очигледно не бива. Видете ги кои се новите членови на Судски совет и се е јасно. Сите бевме сведоци на сите оние драмолетки кои се случуваа изминатиот период, а беа поврзани со Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. Еве во ред, јас сум подготвен секој што има подобра идеја да дојдат и да кажат како што треба, само да не е како до сега - затоа што тоа значеше монтирани случаи, политички нарачки, луѓе кои од криминалци стануваа чесни граѓани - таква е моменталната состојба во обвинителството. Јас сум подготвен со секого да разбговарам и со експертите и со амбасадорите - дајте кажете како да ја решиме работата“, порача Мицкоски.

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева деновиве изјави дека е против распуштање на Советот. Таа смета дека треба да има индивидуална одговорност и таа да биде точно детектирана и санкционирана. 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема