Глобално меме-движење на интернет ја исмева и се бори против руската пропаганда и дезинформации за војната во Украина. НАФО, Северноатлантската организација Фелас – неформална алијанса на воини на интернет културата, експерти за национална безбедност и обични корисници на Твитер, кои користат мемиња, вирални видеа и фотографии од кучиња, собра 400.000 долари за воена поддршка на Украина.