ПолитикаСоединети Американски Држави
Медиуми: Ники Хејли ќе се откаже од трката со Трамп
6 март 2024Реклама
Ники Хејли, според повеќе американски медиуми, ќе се откаже од трката за кандидатура од Републиканската партија. Хејли на т.н. „Супер вторник“ доживеа нов јасен пораз од поранешниот претседател Доналд Трамп. Таа е единствениот преостанат партиски ривал на Трамп.
Кандидатот на Републиканците кој ќе влезе во дуел со демократот Џо Бајден на претседателските избори во САД во ноември ќе биде официјално номиниран на конференција на партијата во јули.
На „Супер вторникот“, Трамп победи во 14 од 15 американски сојузни држави во кои Републиканците одржаа прелиминарни избори. Хејли победи само во Вермонт. Во досегашниот тек од прелиминарните избори во Републиканската партија, Хејли има и победа во Вашингтон.