1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Медиуми: Министерката за одбрана Ламбрехт ќе даде оставка

Штефан Штикелман
14 јануари 2023

Министерката за одбрана Кристине Ламбрехт, според медиумски извештаи, е подготвена на оставка. Самосознание или политичкиот притисок стана преголем?

https://p.dw.com/p/4MBb8
Кристине Ламбрехт во посета на тенковска бригада на Бундесверот (архивска фотографија)
Кристине Ламбрехт во посета на тенковска бригада на Бундесверот (архивска фотографија)Фотографија: Sean Gallup/Getty Images

Германската министерка за одбрана Кристине Ламбрехт е решена да си замине од функцијата, пишува весникот „Билд“, повикувајќи се на „повеќе упатени лица“. Иницијативата за тоа потекнува од самата Ламбрехт, тврди „Билд“. Датумот на повлекување сѐ уште не е прецизиран.

Весникот „Зиддојче цајтунг“, повикувајќи се на извори од опкружувањето на Ламбрехт, пишува дека министерката ќе се повлече во неделата што доаѓа. Како што се вели, таа за тоа веќе разговарала со канцеларот Олаф Шолц.

Портпарол на Министерството за одбрана во врска со ваквите информации реагираше со изјава дека станува збор за „шпекулации кои не ги коментираме“.

Причина за оставката, според „Билд“, било сознанието на Ламбрехт дека енеопходен нов почеток во Министерството за одбрана. Весникот пишува дека во владини и СПД-кругови веќе се воделе разговори за можен наследник.

Ламбрехт е мета на критики подолго време, а притисокот се зголеми по новогодишното видео на министерката, во кое таа прави биланс на 2022 година и зборува за војната, додека во позадина експлодираат пиротехнички материјали. Политичари од опозицијата ја ставија под знак прашалник нејзината соодветност за функцијата и бараат нејзина оставка.