Масовни проевропски демонстрации во Молдавија
22 мај 2023„Дојдовме да кажеме гласно, со самодоверба и гордост, дека местото на Молдавија е во Европската унија“, рече молдавската претседателка Маја Санду, која повика на демонстрации. Шефицата на државата рече дека нејзината земја сака да се приклучи на ЕУ до 2030 година.
„Ова е шанса нашиот народ да живее во мир и просперитет“, додаде Санду. Исполнувањето на критериумите неопходни за членство е „пат на големи напори“, но тоа е „единствениот пат“.
Страв од руска инвазија
Земјата со 2,6 милиони жители стана кандидат за членство во ЕУ во јуни 2022 година, исто како и соседна Украина. Молдавија го гледа членството како осигурување против тоа да стане следната цел на Москва по руската инвазија врз Украина. Сепак, во Молдавија се одржуваат редовно и проруски демонстрации - на такви собири се повикува и неделава во земјата. Русија веќе стационираше војници во молдавскиот проруски сепаратистички регион Транснистрија.
На митингот во Кишињев зборуваше и претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола и рече дека ЕУ ќе ги поддржи аспирациите на Молдавија. Земјата е „подготвена за европска интеграција“, додаде таа.