Лавров: САД се де факто во војна
11 октомври 2022Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска (11.10) оцени дека САД се одамна вмешани во војната во Украина: „Ми се чини дека Американците учествуваат де факто во оваа војна долго време“, изјави Лавров на руската телевизија, додавајќи: „Оваа војна е контролирана од Англо-саксонците.“
Лавров рече дека официјални американски претставници, вклучително и портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби, рекле оти САД се отворени за разговори, но Русија тоа го одбила, што, според него, не е точно:
„Тоа е лага. Не сме добиле ниту една сериозна понуда за да оствариме контакт.“ Рускиот министер за надворешни работи потенцираше и дека Русија сака да слушне предлози во врска со мировни разговори, но не може да каже како тој процес би завршил.
- повеќе: Бајден ѝ се закани на Русија поради „референдумите“
Русија нема да одбие средба меѓу претседателот Владимир Путин и американскиот претседател Џо Бајден на претстојниот состанок на Г-20 и би го разгледала тој предлог доколку го добие, рече Лавров.