1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиГерманија

Корозија - причина за уривањето на мостот Карола во Дрезден?

СН/агенции
11 септември 2024

Во близина на урнатиот мост Карола постои опасност по животот, а снабдувањето со парно греење е привремено во прекин низ цел Дрезден. Сега се појави и прва хипотеза за причината.

https://p.dw.com/p/4kVEu
Дел од мостот Карола во Дрезден се урна рано утрината во 3 часот и 8 минути
Дел од мостот Карола во Дрезден се урна рано утрината во 3 часот и 8 минутиФотографија: Matthias Rietschel/REUTERS

Уривањето на дел од мостот Карола во Дрезден можело да биде предизвикано од корозија. Во ова се сомнева раководителот на одделот за мостови и инженерски конструкции во Дрезден, Холгер Калбе.

„Во времето на Германската Демократска Република тука забележавме огромно количество на хлорид“, рече Калбе. На местото каде во текот на ноќта се урнал делот од мостот имало јарбол на транспортна компанија. Според Калбе, можно е на тоа место вмасивно да продреле хлориди и да довеле до корозија на арматурата во внатрешност на мостот“. Но, ова рече Калбе се само претпоставки кои треба да се проверат.

Се уште постои актутна опасност

Дел од мостот Карола - една од сообраќајните артерии во Дрезден - делумно се урна во Елба во текот на ноќта.

Мостот е еден од четирите моста кои ја минуваат реката Елба во центарот на Дрезден, а инцидентот веројатно ќе предизвика голем сообраќаен хаос во градот во источна Германија
Градските власти соопштија дека бидејќи било рано наутро, немало никој на мостот и дека нема повредени во уривањето, но дека автомобилскиот и бродскиот сообраќај по клучниот воден пат ќе мора да биде запрен на неодредено време .
Двете трамвајски линии од Дрезден кои, исто така, го користат мостот ќе сообраќаат намалено, додаваат тие. Последниот трамвај го поминал мостот само 18 минути пред да се урне во 3 часот и 8 минути.
„Сè уште постои акутна опасност по животот и опасност од колапс“, рече портпаролот на противпожарната бригада Михаел Кларе во видео порака подоцна утрото.

Точната причина за уривањето на местот се уште не е утврдена
Точната причина за уривањето на местот се уште не е утврденаФотографија: Matthias Rietschel/REUTERS

Неодамнешни реновирања

Уривањето ги погоди и улиците околу мостот.
„Освен тоа, поради пукањето на две големи цевки за централно греење, имаме проблем бидејќи целосно е прекинато снабдувањето со топла вода во целиот главен град Дрезден“, рече Кларе.
Првпат довршен во 1895 година, оригиналниот мост Карола беше кренат во воздух пред крајот на Втората светска војна во обид да се запре приближувањето на советската армија. Реконструкцијата траеше од 1967 до 1971 година. Реновиран е и од 2019 до 2021 година.