1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоРусија

Русија отвори постапка против Меѓународниот кривичен суд

ЖА / дпа
20 март 2023

По издадениот налог за апсење за рускиот претседател Владимир Путин, руското првосудство сега покренува кривични постапки против судиите од Меѓународниот кривичен суд.

https://p.dw.com/p/4OwgI
Рускиот претседател Владимир Путин
Рускиот претседател Владимир ПутинФотографија: The Kremlin Moscow/SvenSimon/picture alliance

Обвинението на руските истражители гласи: илегално апсење и подготовка за напад врз челник на странска држава, заштитен од кривичен прогон, како што стои во соопштението издадено денеска (20.03.) од страна на националниот Истражен комитет.

Истрагата е насочена и против главниот обвинител на МКС, Ахмед Кан. Меѓународниот кривичен суд чие седиште е во Ден Хаг, во петокот издаде потерница за Владимир Путин поради сомнение за извршени воени злосторства во Украина, што е преседан – прв пат се издава налог за апсење за претседател на една атомска сила.

На товар на Путин се става киднапирање и насилна депортација на деца од окупираните украински територии. Русија пак тврди дека сака само да ги засолни децата на сигурно од областите каде се водат борби.

Русија не го признава МКС, исто како и САД и Кина, но Римскиот статут за Меѓународниот кривичен суд го имаат ратификувано повеќе од 120 држави.

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков денеска изјави дека Русија „лежерно го примила на знаење" издадениот налог за апсење за Путин. Поранешниот руски претседател Дмитри Медведев даде драстична изјава – се закани со напад со хиперсонични ракети на Меѓународниот кривичен суд во Холандија.