1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Колекционери на градската охридска традиција

Ана Арсеновска-Зафирова
22 јуни 2024

Домашно слатко за добредојде и сок од трендафил - стара градска охридска традиција, која од заборав ја чува кафулето „Форт“. Тоа, како што велат сопствениците, е фамилијарен мини музеј за туристите. Што сѐ има таму и во што сѐ може да се ужива?

https://p.dw.com/p/4hME5

Сок од трендафил и охридска цреша или слатко од смокви е дел од менито за добредојде. Обичаи кои денес ги нема во домовите, а ги чува необичното кафуле „Форт“, кое во суштина е колекционер на градската охридска традиција.

Охрид кафуле „Форт“
Сок од трендафил во понудата на кафулето „Форт“Фотографија: Ana Arsenovska-Zafirova/DW

„Градската приказна на Охрид е стариот град. Пречекување на гости со домашно слатко за добредојде, со охридските визити, сето тоа е презентирано во кристални стари садови. Сакавме да го презентираме Охрид каков што е, каков што бил и каков што треба да е, на сите македонски туристи и странски туристи“, вели Оливер Цепенковски.

Охрид кафуле „Форт“
Фотографија: Ana Arsenovska-Zafirova/DW

Илјадниците предмети се времеплов за сите туристи. А настаните како Охридска визита или Охридска софра со староградска музика на охридските тајфи се нематеријалното богатство кое на овој начин живее:

Охрид кафуле „Форт“
Илјадниците предмети се времеплов за туриститеФотографија: Ana Arsenovska-Zafirova/DW

„Сето ова што е во „Форт“ се наши фамилијарни работи, тоа се 4 генерации. Од телевизори, чаши, плакари, радија. Некои елементи се и по 100 години. Имаме и фамилијарна колекција на часовници. Едноставно кажано, 'Форт' е фамилијарен мини музеј за странските туристи.“

Повеќе во видеото!

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема