1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кој пробал буковски пипер, везден го бара

Емилија Петреска | Арбнора Мемети
5 декември 2024

Го ставаме во чорби, а некои од нас и си го макаат со лепче. Буковскиот пипер е еден од главните зачини во македонската кујна. Но, колкумина знаат како се подготвува? Екипата на Дојче Веле го посети село Буково и во дворот на баба Нада го приготвивме по стариот рецепт. 

https://p.dw.com/p/4noIX

Веќе 50 години, Нада Брешовска подготвува буковски пипер во својот двор. Зачинот кој го има секое македонско домаќинство доаѓа од битолското село Буково. А, Нада Брешовска го спрема овој пипер од мала:

„Уште од малечка имав многу мерак на земјоделие. Ќе одеа стрини, имав стриковци, ќе одеа на копање, јас со мотичето и по нив. Тоа ни е хоби. Од кај 16-17 години, ама повеќе мајка ми правеше, но гледав јас и помагав.“

Нада Брешовска буковски пипер
Фотографија: DW

Дел од пиперот го толчат, а дел го мелат на воденица. Целиот процес трае три недели  за зачинот да биде спремен во ноември.

Што е потребно за да се направи добар црвен пипар, погледнете во видеото!