1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиБлиски Исток

Катар доставува лекови за израелските заложници во Газа

СН/агенции
17 јануари 2024

Израел и Хамас, со посредство на Катар и Франција постигнаа договор за доставување на лекови и друга помош за цивилното население и за израелските заложници во Појасот Газа.

https://p.dw.com/p/4bLk7
Роднини на израелските заложници во Појасот Газа со нивните фотографии на 9 декември, 2023
Роднини на израелските заложници во Појасот Газа со нивните фотографии на 9 декември, 2023Фотографија: Clodagh Kilcoyne/REUTERS

Пратките со лекови и помош за израелските заложници и за  палестинските цивили се очекува да почнат да пристигнуваат денеска во Газа според договорот постигнат со посредство на Катар и на Франција, по ноќните смртоносни бомбардирања на југот на територијата.

Милитантите на Хамас зедоа околу 250 заложници за време на крвавите терористички напади на 7 октомври со кои започна војната, а околу 132 сѐ уште се во Газа, вклучувајќи и најмалку 27 за кои се верува дека се убиени.

Судбината на оние кои останаа во заробеништво го обзема израелското општество, додека пошироката хуманитарна криза на опколената територија обележана со закана од глад и болести поттикна меѓународни повици за прекин на огнот.

Во изјава за официјалната новинска агенција на Катар во вторникот, Доха го објави договорот „меѓу Израел и Хамас, каде лековите заедно со друга хуманитарна помош ќе бидат доставени до цивилите во Газа... во замена за испорака на потребни лекови за израелските затвореници во Газа“.

Агонијата на семејствата на заробените Израелци продолжува

Портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи, Маџид Ал-Ансари, изјави за новинската агенција на Катар дека лековите и помошта ќе заминат од Доха за египетскиот град Ел-Ариш во среда, пред да бидат транспортирани во Појасот Газа.

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го потврди договорот.

Според француското претседателство, се очекува 45-те заложници да добијат лекови според договорот.

Најмалку 24.285 Палестинци, од кои околу 70 отсто жени и деца, се убиени во Газа во израелските бомбардирања и во копнените операции, соопшти тамошното Министерството за здравство.

Министерството рано денеска извести дека се убиени уште 81 луѓе во нападите во текот на ноќта, вклучително и во главниот град Кан Јунис на југот на земјата.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема